Gucci илустрации: Спој на хумор, make-up и убавина во карантин

22 април, 20200
gucci 1

Италијанската модна куќа Gucci избра малку поинакво решение за рекламна кампања насочена кон нејзиниот сегмент за убавина оваа пролет. Не избра реномиран фотограф за визуели, туку млада илустраторка од Палермо, Ема Алегрити, која со својот карактеристичен стил на илустрацијла воодушевува нешто повеќе од 25.000 следбеници на Инстаграм, а после соработката со реномираниот италијански бренд, нејзината популарност сигурно ќе се зголеми.

Ема, во своите илустрации за „Gucci Beauty“ , се фокусираше на моменталната состојба и животот во карантин, тематизирање, преку призмата на хумор, шминка за видео состаноци и осамени вечери, медитирање на домашни теписи, забави во дневната соба и сите други активности што за многумина станаа вообичаен дел од секојдневниот живот. За младта илустраторка, социјалните теми и хуморот се веќе составен дел од креацијата, исто толку живописни, весели бои и снаодливи описи, а фокусот на нејзините илустрации е секогаш на женскиот лик, така што оваа соработка за неа дојде како нарачана. Соработката помеѓу Ема Алегрити и модната куќа Gucci е секако интересна, но треба повторно да му се заблагодариме на Gucci што во морето автори на Инстаграм, повторно откри уметник што дефинитивно вреди да се следи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi