И ПЛАТНЕНАТА МАСКА ЗА ЗАШТИТА ИМА РОК НА ТРАЕЊЕ: Дознајте после колку миењa повеќе не ве штити!

8 декември, 2020
kovid

Иако пред една година не можевме ни да замислиме дека ќе одиме насекаде со маски, тоа е сега нашето секојдневие.

Додека некои носат хируршки, други претпочитаат платнени маски. Двете штитат, иако се за повеќекратна употреба, но имаат и свој рок на траење. Еве како да знаете кога е време да ја замените вашата маска од платно.

Видливи дупки или пукнатини

Доколку видите дека маската почнува да се кине или има дупки, време е да инвестирате во нова маска.

Тенко платно

Материјалите од кои се направени заштитните маски може да се разредуваат со текот на времето од миење, а потенкиот материјал исто така обезбедува послаба заштита од ковид-19.

За да знаете дали вашата маска е потенка, можете да направите едноставен тест – запалете свеќа и ставете ја маската одозгора. Ако не можете да ја изгасите свеќата, маската не ве заштитува доволно.

Исто така, не е добро ако маската е толку тенка што може да се види низ неа или, ако дишете надвор, на пониски температури, можете да го видите вашиот здив.

Измиено повеќе од 30 пати

Честото перење го растегнува и го оштетува материјалот, а како што рековме, разреден и оштетен материјал значи дека маската не штити доволно.

Во зависност од квалитетот на материјалот, експертите советуваат да измиете една маска не повеќе од 30 пати, или да ја носите не повеќе од 30 пати.

На крај, ако забележите нечистотија и дамка на маската, која не исчезнува дури и по миењето, најверојатно многу сте ја користеле и не би било лошо да престанете да ја носите. Дамката нема никаква врска со фактот дека маската ве заштитува помалку, но ако е валкана, веројатно сте ја носеле премногу пати.

escort - Korsan taksi