Имате проблем со лош здив?!: Со овие совети лесно ќе се ослободите од непријатниот мирис

21 септември, 2020
zubi-660x450

Многу луѓе се борат со лош здив што може да создаде непријатности, па подолу се дадени совети како да се ослободите од него. Измијте ги забите и исчистете ги со конец најмалку два пати на ден. Бактериите кои се задржуваат на површината на забот создаваат непријатен мирис. Дополнителен проблем се создава со остатоци од храна заглавени меѓу забите.

Исплакувањето на устата е многу важен чекор затоа што течноста за исплакнување убива бактерии, а исто така ќе уживате во свежиот вкус на нане, што е најчестиот вкус на овие течности. Чистете го јазикот. Можете да најдете четка за заби со гумен дел за триење на јазикот во сите продавници.

Не јадете кромид и лук кога треба да бидете во нечие друштво. Оставете ги ваквите оброци за слободните денови бидејќи миењето заби или триењето на јазикот не помага да се отстранат овие непријатни мириси.

Освен што предизвикува многу болести, пушењето не ви помага да ја одржувате оралната хигиена. За почеток, обидете се да ја намалите оваа лоша навика и најдобро би било да ја отфрлите целосно.

Наместо бонбони, особено оние со шеќер, џвакајте мастики. На овој начин се стимулира лачењето на плунка, а тоа е природен лек против формирање и задржување на киселина во устата. Пијте многу течности за да не ви се суши устата.

escort - Korsan taksi