4 видови на стомак и како да го „симнеме“

12 јули, 20200
4

Ако го исклучиме стомакот кој се јавува после породувањето, постојат четири типови на стомак предизвикани од различни причини. За нивно отстранување, секако, се применуваат и различни методи. Еве што советуваат инструкторите по фитнес и нутриционистите.

Стомак како гума за спасување

Препознатлив е по мастите кои се наталожени околу стомакот, па личи на гума за спасување. Ваков стомак се добива од физичка неактивност, од долго време поминато во седење, но и од приврзаност кон слатката храна. За среќа, може да се елиминира за неколку месеци, само со промена на исхраната, исклучување на слатките, лебот и тестенините и уморена физичка активност. Намалете го алкохолот кој е всушност чист шеќер кој директно се таложи на вашиот струк и го блокира согорувањето на другите масти се додека пијалокот не е обработен во организмот. Само неколку чаши алкохол, три до четири неделно, може да предизвика „вински стомак“. За рамен стомак клучно е да се исфрли алкохолот најмалку во период од две до три недели. Истовремено да се корегира исхраната, да се исфрлат сосема шеќерите и тестата, а солта да се намали. Внесот на добри масти помага во ваквиот случај на стомак, како и свежите намирници риба, јајца, месо и зеленчук. Не заборавајте и на вежбањето, но не ви е потребна теретана. Шетајте, пешачете, правите вежби за стомак во домашни услови или вклучете се на некоја аеробик група. Набрзо ќе видите неверојатни резултати.

Стомак предизвикан од стрес

Овој стомак се препознава најчесто кај амбициозните и професионално успешни луѓе. Слабата пробава предизвикана од стрес влијае на надуеноста, па ваков тип на стомак изгледа уште поголем. Масните наслаги се наоѓаат во пределот на папакот и предниот дел. КОга сме под стрес телото забрзано произведува кортизол, хормон кој го поттикнува телото да подготвува масти и да ги складира околу стомакот. Ваквиот стомак е цврст на допир. Се добива и како последица на прескокнување на оброците, премногу кофеин и брза храна. За да го симнете, треба да смените неколку навики. Прво, обидете се порано да одите во кревет. Жените под стрес редовно лошо спијат а тоа го нарушува производството на хормонот лептин кој го регулира апетитот и метаболизмот. Затоа многу повење јадеме кога сме изморени. За вас не се кардио вежбите, туку запишете се на јога бидејќи исцрпеноста треба да ја неутрализирате со релаксација и благи медитации. Употребувајте долги купки пред спиење. Немојте да пиете повеќе од две кафиња на ден, шетајте повеќе во природа, внесете магнезиум во исхраната. И секако, брзата храна заменете ја со „бавна храна“ базирана на лесни намирници без сосови и додатоци.

Мало стомаче на долниот дел

Обично го имаат зафатените жени кои се слаби, дури и паркикуваат теретана, но сепак се заглавени во ист режим на вежбање и исхрана. Витки се, но тоа мало салце што надвиснува на долниот дел од стомакот ја расипува нивната убава силуета. Вакво стомаче се добива од еднолична исхрана. За да се решиме од ваквиот стомак неопходна е здрава храна богата со растителни влакна за подобрување на системот за варење. Неправилното изведување на вежбите за стомак можат само да го нагласат ваквиот стомак, но доколку користите лесни тегови при вежбање и правилно ги изведувате вежбите ќе согорете сериозна количина на маснотии токму од овој дел. Одлично делува серијата вежби од типот на клекнувања.

Натечен стомак

Ваквиот стомак често е рамен наутро, но во текот на денот натекува поради проблеми со метабаболизмот и пробавата. Се појавува поради конзумирање на лоша храна или нетолерантност на некои намирници за кои не сме ни свесни. Можеби сте нетолерантни на глутен? Или пак на лаколол, на квасец, на млечни производи? Експериментирајте со храната за да утврдите што му пречи на вашето тело, па проверувајте после недела две дали надуеноста е намалена. Јадете што повеќе протеини и зеленчук. Појадокот треба да ви биде најголемиот оброк во денот зашто на тој начин ќе го забрзате метаболизмот. Здравите цреве, запомнете, значат рамен стомак. Употребувајте многу лук и кромид во исхраната. Ако до сега не сте биле физички активни, практикувајте кардио вежби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi