Цитрус диета за време на „оние денови“ која ги симнува килограмите и го зајакнува имунитетот

21 декември, 2020
2fe958af8d1c5cea84673434dbe7479bc12fe9c6


За време на менструалниот циклус, потребите за храна значително се менуваат. Ова се случува не само поради активноста на хормоните, туку и затоа што во тој период, жените губат есенцијални минерали и витамини.

За да ги надополнат овие загуби, нутриционистите препорачуваат оброк што може да помогне при болка, грчеви, надуеност, главоболки, гадење и замор.

Цитрусите се особено добри затоа што покрај витамини содржат многу растителни влакна и вода. Тие се добри за ублажување на гадењето и другите непријатни состојби кои се поврзани со оваа менструација кај жените.

Понеделник

Појадок: овесна каша со суво грозје, ореви и јогурт

Ужина: чај од ѓумбир и 40 гр црно чоколадо

Ручек: летна манџа и зелка

Ужина: банана

Вечера: чорба со пилешко и зеленчук по ваш избор

Вторник

Појадок: туна, зелена салата и леб

Ужина: лимонада и 40 гр црно чоколадо

Ручек: полнети пиперки

Ужина: две мандарини

Вечера: тост со хумус и лосос

Среда

Појадок: варено јајце, ајвар и две парчиња леб, чај од ѓумбир

Ужина: 40 гр црно чоколадо

Ручек: риба со варен компир и брокула

Ужина: портокал

Вечера: палента со кисело млеко

Четврток

Појадок: топол сендвич и шолја чај од ѓумбир

Ужина: 40 гр црно чоколадо

Ручек: месо по ваш избор со варена салата од брокула

Ужина: банана

Вечера: сендвич со лосос


Петок

Појадок: рибини филети и зелена салата

Ужина: портокал и 40 гр темно чоколадо

Ручек: задушено телешко месо и варена салата од брокула

Ужина: банана

Вечера: пита со компири и шолја јогурт

escort - Korsan taksi