Докажано: Од ваква храна накратко стануваме поглупави!

16 мај, 20200
hrana

Невообичаено истражување за поврзаноста помеѓу многу масна храна и нашата способност да се концентрираме и да завршиме некоја задача!

Долго време се зборува за лошите ефекти на многу масна, „брза“ храна и сега е потврдено дека само еден таков оброк влијае на нашите когнитивни способности!

Истражувачите од Универзитетот во Охајо спроведоа студија во која учествуваа повеќе од 50 жени, поделени во две групи. Некои јаделе оброк богат со заситени масти, додека други консумирале храна со незаситени масти.

Потоа и на двете групи на испитаници им беше дадено да решат тест сличен на „загатки“ на компјутер, а резултатите, велат истражувачите, биле „неверојатни“.

Групата жени кои јаделе тешка и масна храна имале многу полоши резултати на тестот.

“Повеќето претходни истражувања ги разгледуваа долгорочните ефекти на нездравата исхрана врз нашето размислување. За прв пат анализиравме како влијае само еден оброк врз нас, а тоа навистина ни ги отвори очите”, рече Аналис Медисон, автор на студија објавена во американскиот журнал за клинички исхрана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi