Најдобрата и најлошата диета за 2020-та година

28 декември, 2020
ѕ

Немаше премногу изненадувања на списокот „Најдобра и најлоша диета за 2020 година“. Медитеранската диета беше крунисана како победник трета година по ред, а една од најпопуларните диети во последната деценија – кето диетата, беше една од најголемите губитници на годината.

Најдобра: медитеранска диета

Фактот дека медитеранската диета е најдобра диета во 2020 година не треба да изненадува бидејќи е богата со овошје и зеленчук, здрави масти и цели зрна. Оваа диета има многу здравствени придобивки поддржани од науката, и беше голем победник на годината поради фактот што е „исклучително разумна“.

– За диетата да добие титула „најдобар“, земени се во предвид различни карактеристики, како што се рамнотежа, одржливост, вкус, прифатливост на семејството, издржливост, усогласеност со здравјето. Истражувањата се еден од главните критериуми што се користат за рангирање на диетите – а медитеранската диета историски се покажа како корисна и долго време беше „златен стандард“ во однос на докажаните резултати и за контролата на телесната тежина и за резултатите од здравјето. Бидејќи медитеранската диета е начин на живот во тој регион на светот толку долго, истражувачите имаат многу податоци за нејзиното влијание врз контролата на телесната тежина и ризикот од хронични заболувања – објаснува д-р Дејвид Кац, директор на Центарот за истражување на превенција на универзитетот Јеил и еден од 25 судии на панелот за проценка на исхраната.

Таа го зазеде првото место во четири други категории:

– Најдобра диета за здрава исхрана

– Наједноставната диета

– Најдобра диета за дијабетес

– Најдобра диета на растителна основа

Меѓутоа, ако целта ви е брзо да ослабете, медитеранската диета веројатно нема да ви помогне многу, бидејќи го доби најнискиот резултат во категоријата „Најдобра диета за брзо слабеење“.

Најлоша: Кето диета

Една од најлошите диети оваа година, за изненадување на сите, беше познатата кето, која гарантира слабеење. Исхраната богата со маснотии и малку јаглени хидрати стана култна поради нејзините брзи ефекти. Сепак, за време на евалуацијата, експертите не криеја дека се многу загрижени затоа што диетата со кето става акцент на храната богата со масти. Како што наведоа, оваа диета не е добра за здравјето на долг рок. Нема значително влијание во превенцијата од дијабетес и срцеви заболувања и нема доволно докази за да се обезбеди долгорочно слабеење. Не е доволно хранлива и тешко е да се следи.

escort - Korsan taksi