Намирници кои ќе ве спасат од рак, срцев и мозочен удар

21 јули, 2020
8

Во последно време луѓето се почесто сè вртат кон алтернативната медицина, која ги заобиколува лековите создадени во лабораториите и ги прегрнува оние кои ни ги нуди природата. Нутриционистите ги издвојуваат следните намирници како топ 6. Некои од нив содржат висок процент на антиоксиданси, додека други го намалуваат ризикот од срцев удар. Еве кои се тие:

Цреши

Содржат високо ниво на антиоксиданси и со тоа делуваат антивоспалително, го подобруваат сонот и го забрзуваат опоравувањето после спортскиот напор. Студиите покажуваат дека зголемениот внес на цреши во организмот може да помогне при намалување на одредени нуспојави после напорниот тренинг, како што се болки во мускулите, воспаление на мускулите и исцрпеност на телото.

Авокадо

Изобилува со здрави, моно-заситени масти кои го намалуваат нивото на лош холестерол. Со тоа се намалува и ризикот од срцев и мозочен удар. Имено, едно неодамнешно истражување покажало дека едно авокадо на ден, во комбинација со исхрана која умерено содржи масти, може да го намали нивото на лошиот холестерол повеќе отколку да јадете намирници со низок процент на масти, но без авокадо.

Брусници

Тие одамна се користат како помош против инфекции на уринарниот тракт. Но, истражувањата покажуваат дека овие бобинки имаат и низа други благодети. Одлични се за срцето и за оралното здравје, помагаат во спречување на одредени видови на рак и ги намалуваат инфекциите. Брусницата содржи полифеноли, кои имаат антиоксидативни, противвоспалителни и антимикробни својства.

Боровинки

Со оглед на тоа што содржат високо ниво на антиоксиданси, витамини и минерали, боровинките се поврзани со сите видови здравствени предности, вклучувајќи го здравјето на срцето, превенција на ракот, подобрени функции на мозокот и подобрен вид. Некои истражувања дури покажале дека антиоксидансите кои се наоѓаат во боровинките може да го одложат процесот на стареење.

Семки од тиква

Содржат голема количина на протеини, растителни влакна, манган, магнезиум и фосфор. Неверојатно се богати со цинк, кој е важен за имунитетот, развојот и поделба на клетките во организмот, за спиењето, доброто расположение, видот и кожата.

Чиа семе

Изобилуваат со антиоксиданси, растворливи влакна и минерали. Покрај тоа, чиа семето е одличен извор на омега-3 масни киселини и содржи повеќе калциум од млекото.