Нејзините пити се јадат прво со очи, а толку се убави што на многумина им е жал воопшто да ги јадат
12 ноември, 2020
Американката Лиз Џој е самоука слаткарка чии вештини за украсување ги наградија експертите и го воодушевува Светот со своите пити на сосема поинаков начин отколку што може да помислите.
Нејзините пити раскажуваат приказни што ги знаеме, како Црвенкапа. Таа прави вкусни потсетници за Питер Пан, Урсула и Ариел, но и Халеси и нејзините змејови „Игра на тронови“, пишува BoredPanda.
Со својата работа, Лиз Џој раскажува свои уникатни приказни, како што е девојче во стаклено топче или момче кое ужива во својата авантура во дивината, па дури и самовила што седи на работ на Месечината.
Другите нејзини пити се суптилни и се занимаваат со сезонски теми како есен, Божиќ или цветни теми. Во секој случај, може да се каже дека нејзините пити се јадат прво со очи. А можеби се толку убави што би било штета да се изедат.
– Сакам да играм со различни материјали и ми се допадна идејата да правам пити кои по својата природа ви дозволуваат да направите повеќе слоеви. Кога почнав да размислувам за дизајнерскиот концепт, сфатив дека питите се единствен медиум за раскажување приказни. Го обожавам тој аспект и обично се фокусирам на впечатокот дека гледачот ѕирка во уникатен свет што може да се јаде “, рече Лиз.
– Создадов многу бајки и уметнички пити базирани на приказни и многу сум горда на тоа. Меѓутоа, моите омилени се дизајни за пити што ги печам за татко ми, и таму раскажувам приказни од неговото детство “, објаснува Лиз.
Таа вели дека едноставно обожава да пече, а нејзиниот профил на Instagram е жив доказ за таа страст. Прави бисквити, колачи, торти и други печени слатки, како и пити. Дури и дизајнира модни додатоци, долна облека или предмети што ги носат славните.