Секогаш најадени, а килограмите паѓаат! Нови диети кои стануваат сè повеќе популарни!

10 ноември, 2020
диета

Меѓу програмите за губење на тежината, кои неодамна добија популарност, се издвојуваат пеганската диета и диетата на ситост.

Пеганска диета

Создадена е од комбинација на палео и веганска исхрана. Во основа се состои од зеленчук и овошје, дозволено умерено конзумирање на месо, малку риба, ореви и семки, па дури и некои мешунки, кои обично не се јадат. Исто така треба да се избегнуваат млечни производи, житарки, шеќер и преработена храна, и во многу мали количини може да се јадат и житарици, масло и слатки. Пеганската диета е направена да биде како долгорочен начин на исхрана. Зеленчукот и овошјето, органски и преработената храна, треба да сочинуваат околу 75 проценти од вкупниот внес на храна.

Пеганската диета, сепак, е пофлексибилна и од палео и од веганската, бидејќи овозможува повремено внесување на скоро сите видови храна. На пример, кравјо млеко, јогурт и сирење никогаш не би ги јадел прав пеган, но таквите млечни производи се дозволени во ограничени количини, вклучувајќи го и путерот.

Диета на ситост

Оваа диета пак, препорачува да јадете храна богата со хранливи материи што ќе ви пружи задоволство, а во исто време ќе изгубите тежина.

Научниците од Универзитетот Лавал од Квебек го создадоа овој план на исхрана заснован на зеленчук, овошје, интегрални житарки и извори на протеини со малку маснотии за да се избегнат гладта. Додека многу диети ситоста ја доведуваат до прашање, слушањето на знаците на сопственото тело може да биде добар начин да се прифатат здравите навики.

Диетата на ситост е наменета за оние кои сакаат да изгубат тежина и оние кои сакаат да одржат тежина. Се препорачува да се јадат четири порции зеленчук, четири порции овошје, пет порции житарки со најмалку 4 грама диетални влакна по порција, четири порции протеини со малку маснотии и една ужинка на ден. Се препорачува барем еден мешунки оброк неделно и додавање на лута пиперка како зачин.

Креаторите на диетата, препорачуваат избегнување на трансмасти и хидрогенизираните масти, кои се присутни во пржената и преработената храна. Но, бидејќи кетогената диета дозволува само десет проценти јаглени хидрати, ова е повеќе мешавина од медитеранска и диета за контрола на дијабетес.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi