Три намирници кои мора да ги конзумирате секој ден за да имате витко тело

3 ноември, 2020
165470_pexels-wendy-wei-1656666_f


1. Зеленчук

Тој мора да биде најчест во вашиот ручек. Зеленчукот му обезбедува на организмот есенцијални витамини, минерали и фитохемикалии, соединенија кои се борат против разни болести во човечкото тело. Зеленчук со висока содржина на влакна, како што се брокула, прокељ, спанаќ, грашок, пченка и кељ ќе ви помогне да изгубите тежина, па вклучете ја во вашето дневно мени.

2. Безмасни протеини

Пилешко, мисирка, телешко и говедско месо, јајца, лосос и туна – овие протеини со малку маснотии ќе ве одржат сити подолго, за разлика од јаглехидратите и заситените масти, по што чувството на глад брзо се враќа. Ако не сте вешти во подготовка на вакви јадења, побарајте помош на Интернет, има многу одлични рецепти.


3. Цели зрна

Вие не треба да се откажувате од лебот, вие само треба да го замените белиот леб со леб од цели зрна. Имено, многу студии потврдија дека луѓето кои јадат 2 до 3 порции житарки дневно имаат околу 2,4 проценти помалку маснотии во телото и 3,6 проценти помалку маснотии во стомакот од луѓето кои воопшто не ги јадат.

escort - Korsan taksi