Истражување: Што кога жените го сакаат партнерот, но не сакаат секс?

27 јуни, 20200
befunky-collage_P8sATkS

Мое либидо – мој проблем, е често размислувањето на жените кои се задоволни во врската во која се наоѓаат, но сепак се чувствуваат виновни за намалената желба за секс, без разлика од која причина.
Едно од најтешките прашања е ова: Дали мојата слаба сексуална желба значи дека нешто не е во ред со мојата врска?

Додека проблемите со нашите сексуални животи, секако, можат негативно да влијаат на нашите романтични врски, многумина кои имаат намалена сексуална желба, сепак чувствуваат интензивна љубов кон партнерот. Како да се снајдеме во љубовните врски, ако навистина не сакаме да имаме секс?


Во новата студија објавена во The Journal of Sex Research за истражување на сексот, др. Мур и нејзините колеги од колеџот Тел Хаи во Израел, интервјуирале жени кои рекле дека се во среќни долгогодишни љубовни врски, но во исто време доживеале и намалување на сексуалната желба.


Авторите интервјуирале жени на возраст од 25 до 59 години. Повеќето биле во брак со своите партнери, а околу една четвртина само живееле заедно. Сите жени биле во врска најмалку една година, а просечното времетраење на врската било 3,5 години. Околу половина од нив имале деца, а условот бил да чувствуваат значително помалку сексуална желба од партнерот.


Во студијата, жените одговориле на прашања во врска со квалитетот на нивната врска, како нивната врска влијаела кога се јавила намалената сексуална желба, објаснувања за тоа како нивната желба се намалила за време на сексуалниот однос, како се справиле со намалената желба и како парот ги третирал овие разлики.


Љубовта не е исто што и желбата
Жените откриле дека намалувањето на желбата никогаш не ги натерало да се сомневаат во нивната врска и односот со партнерот – всушност, колку подолго се заедно и како стануваат постари, толку се посигурни во врската.
Понатаму, повеќе од половина од нив признале дека намалувањето на желбата негативно влијае на нивната врска, пред се поради неисполнетите желби на партнерите, но и нивната неспособност да сакаат секс и да уживаат во тоа. Она што е интересно е како повеќето жени се обвинуваат себеси за намаленото либидо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi