ИСТРАЖУВАЊЕТО ПОКАЖАЛО: Течноста за плакнење на устата го убива коронавирусот!

9 ноември, 2020
782149_profimedia0004983854_ls

Научниците од Универзитетот Кардиф во Велс го испитале влијанието на хемикалиите од средствата за плакнење на устата врз новиот коронавирус и велат дека имаат охрабрувачки резултати.

Професорката Валери Одонел, од Универзитетот во Кардиф, е една од главните автори на студијата која се занимава со улогата на хемикалии кои ги содржат течностите за плакнење на устата во борбата против корона вирусот.

Имено, научниците долго време веруваа дека пренесувањето на вирусот преку плунка може значително да се намали со употреба на антисептички плакнења на устата, но со една, најважната состојка.

Тоа е цетилпиридиниум хлорид, клучна состојка во многу течности за плакнење, а научниците го проучувале дали може да го забават ширењето на вирусот. Според сите сметки, тие имаат охрабрувачки резултати.

Имено, оваа хемикалија има вируцидно својство, што значи дека ги деактивира или уништува вирусите.

Професорката Одонел изјави за „Daily Telegraph“:

-Нашите резултати досега се многу охрабрувачки во однос на in vitro истражувањето, додека студиите in vivo сè уште не се објавени – што практично значи дека експериментите досега биле извршени во средина слична на човечко грло и фаринкс, но сепак не е во вистинско човечко грло

Сепак, научниците веруваат дека доколку дефинитивно се потврди дека оваа хемикалија помага во борбата против вирусот, тоа ќе помогне многу додека се чека вакцината.

Ова е ефтин и достапен производ. Ако навистина помогне да се намали преносот, тоа е одлична вест, бидејќи тоа значи дека целиот свет ќе има можност дополнително да се заштити. Се разбира, сè уште чекаме клинички истражувања – заклучуваат научниците.

escort - Korsan taksi