Како да дознаете дали сте опседнати со хороскоп?

2 јули, 20200
horoskop

Астрологијата се чини дека во последно време е се попопуларна- од едноставни и бесплатни апликации, од Co-Star, па до Твитер и Инстаграм астро гуруа- читањето на ѕвездите е полесно од било кога.

Ако се прашувате што е причина за популаризација на астрологијата, можеби вистинскиот одговор е тоа што “Живееме во време во кое сите сакаат инстантни задоволства и брзи поправки, па заради тоа конзумираме и правиме сѐ што може брзо да ни помогне да бидеме во ред”- објаснува астрологот и психотерапевтор од Бруклин, Аиме Бар (за Healthline).

Хороскопот навистина може да ви помогне во промената на сопствените верувања и да ве смири, на кратко. Она што е уште поважно е тоа дека е тенка линијата помеѓу забавниот начин да го “прогнозирате” својот ден, недела или месец до тоа да стане алатка која работи исклучиво на ваша штета.

“Ја сакам астрологијата, но таа нема моќ да не научи да развиеме механизми за совладување и поминување преку траумите”, вели Бар. Она што е важно е дека астрологијата не е терапија и не може да ги замени терапевтските својства, а повеќето луѓе, свесно или несвесно ја заменуваат психотерапијата со астрологија, притоа избегнувајќи ја работата на себе, до која се стигнува со помош на професионалец за ментално здравје.

Foto: Foto: depositphoto/NinaMalyna

Во психотерапијата избегнувањето на решавање на траумата, со помош на спиритуална пракса, како астрологија, има свое име: “Спиритуален бајпасинг”. Што е, како да го препознаете и зошто е опасен “Спиритуалниот бајпасинг”?

Терминот “Спиритуален бајпасинг” се појавил кон средината на 80тите, во учењата на будистичкиот учител и психотерапевт, Џон Велвуд. Тој со овој поим се обидел да го опише нездравиот шаблон на однесување кој ги користи спиритуалните идеи (како астрологија, натални карти, тарот) во лечењето на психолошките трауми.

“Траумата за секого изгледа и се манифестира поинаку. Тоа е секој вид на доживување кое нашите вештини за соочување не успеале да го поминат. Тоа може да биде развод, раскинување, отказ”, вели Бар.

Ова се најчестите 6 кои ви укажуваат дека сте сопствена жртва на спиритуален бајпасинг:

-Избегнување на лутината или дури и страв од бес

-Пренагласување на позитивното и фокусирање изклучиво на „добрите“ работи

-Осудување на другите поради тоа што имаат „негативни“ чувства

-Потиснување на болните чувства и сеќавања

-Емоционално манипулирање

-Убедување за достигнување на “повисоко ниво на битието”

Foto: deppositphotos/olly18

Спиритуален бајпас е игнорирање на траума, и ублажување на нејизино надминување со помош на астрологијата. На пример, некој се служи со астрологијата за да му ги објасни на хороскопот негативните случувања или исходи, наместо интроспекција.

Хороскопот може да ве инспирира и да ве забавува, да биде “додаток” во вашиот живот, но дефинитивно не и решение на проблемите. Према тоа, добар астролог никогаш нема да ви каже како ќе изгледа вашиот живот.

Колку и да сте одговорни, астролозите, сепак не може да влијае на тоа каква личност сте, нивниот клиент ќе сфати, односно ќе го применат или злоупотребат тоа што тие го зборуваат, но должни се на тоа да не потсетат. Поради тоа сепак е подобро да се одлучите за астролог, наместо за апликација која во потполност ќе се препушти на самата себе.

“Иако спиритуалниот бајпас со помош на астрологијата е безопасен, тоа сепак е одбрабен механизам со кој се штитиме од болка” објаснува Бар. “Тоа што се случува на крај е не чувствувате болка поврзана со траума и затоа не сте во можност да ја избегнете.” Последицата на тоа е? траумата останува. Прашања кои би требало да си ги поставите на себеси за астрологијата

1. Дали се чувствувате како сами да раководите со својот живот или мислите дека сте подконтрола на нешто друго (ѕвездата, месецот,планетата…)?

2. Читате ли различни хороскопи се додека еден не ви каже она што сакате да го слушнете?

3. Дали се чувствувате како животот да не ве менува, поради тоа што постојано редовно ги применувате советите на астрологијата?

4. Дали за сите негативни емоции ги кривите ѕвездите или хороскопот?

5. Дали се чувствувате како да сте пронашле “брзо решение” за своите проблеми?

6. Дали чувствувате потреба да споделите со другите (на социјалните мрежи, на пример) дека астрологијата и хороскопот ви помогнал во животот?

Астрологијата може да биде удобен начин да го започнете својот ден и извотот на инспирациите и размислувања. Меѓутоа, не може да ја превземе улогата на терапија или да ги замени здравите способности за соочувања.

Ако “симптомите” на спиритуалниот бајпас ви звучи познато и сакате да го смените својот однос спрема својата духовна пракса, психијатар информиран за вашите трауми е добро место за почеток. Така единствено ќе развиете здрави вештини за соочување со траумите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi