Како функционира моќта на позитивното размислување

15 мај, 20200
pozitivno

Поради некоја причина, неуспесите повеќе влијаат врз нас и подолго се присутни во нашите мисли отколку успесите и достигнувањата. Понекогаш, како умот и мислите да талкаат во облак на негативноста од која не можат да го најдат патот до светлината. Начинот на кој набљудувате одредени настани во голема мера ја одредува состојбата на вашата психа и емоции.

Ако е така, треба да се обидете да ја смените вашата перспектива за да не заглавите во еднообразен поглед на ситуациите и настаните.

Потребно е малку напор и вежбање за да го прилагодите вашиот начин на размислување, така што ќе ви го олесни секојдневниот живот и ќе ви го даде оној неопходниот момент на светлина и надеж.

1. Размислете за успехот и позитивните страни на секоја ситуација, бидејќи негативните верувања имаат тенденција да се чуваат во форма на негативни ментални обрасци кои се пренесуваат на сите идни ситуации кои не се нужно негативни и нема да донесат загуби.

2. Пишувајте секојдневно по неколку минути за работите за кои сте благодарни во животот. Може да се обидете да „вежбате“ да зборувате и да размислувате за добрите работи околу вас.

Наместо да разговарате со блиски луѓе за тоа колку ви е лошо на работа, како е шефот некоректен, како ве разочарала вашата пријателка, свртете се и разговарајте што е можно повеќе за убавите и позитивни работи за кои сте свесни. Само запрашајте се: „Што се случи добро денес?“

3. Бидете свесни за тоа каква енергија имате и како тоа ќе влијае на луѓето околу вас. Еден грд или злонамерен коментар може да ви го уништи денот и да создаде лоша реакција на синџирот меѓу луѓето. Во такви моменти, запомнете да простите, да се насмеете, да покажете хуманост и со тоа да ја срушите негативната секвенца на мислите, реакциите и настаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi