Колку се јајцата навистина здрави?

3 мај, 20200
јајца

Не постојат многу намирници за кои истовремено се верува дека се здрави и штетни.

На пример, вегетаријанците со балансирана исхрана своите потреби за протеини ги добиваат од јајцата. Од друга страна, јајцата веќе со децении се поврзуваат со високите нивоа на холестерол, така што многумина веруваат дека кајганата од белки е златната средина и e подобар избор од кајгана со жолчки.

Но, последните истражувања тврдат дека холестеролот од храната не го покачува холестеролот во крвта, а црвеното месо се нашлo на листата на штетни намирници.

Дали јајцата се подобар избор од месото, кога станува збор за протеини во здрава исхрана?

Јајцата се најдобар избор на протеини

Со само 70 калории јајцата се права нутритивна бомба и еден од најдобрите извори на протеини. Секое јајце содржи околу 6 грама протеини, кое има поголема биолошка вредност од протеините од други извори. Протеините кои ги добиваме од јајцата нашето тело најлесно ги синтетизира и искористува.

Што друго добиваме од јајцата, освен протеини?

Жолчката од јајцето е преполна со добри масти и содржи дури 18 корисни витамини, заради што е одличен извор на енергија. Јајцата содржат и бројни оксиданси кои го штитат организмот од разни болести, како што се на пример, рак и хипертензија. Жолчките содржат и каротеноид кој го штити организмот од разни болести, а исто така е одличен и за здравјето на вашите очи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi