Короната би била мало дете во однос на следната пандемија!

8 јули, 20200
корона

Короната е природен вирус, но што ако следниот не е?

Додека науката им помогнала на луѓето да се борат против вирусите, истата таа ги научила луѓето и да си ги нанесуваат едни на други, т.е. да ги користат како оружје.

Сме биле сведоци на биотерористички напади во Америка, како што било труењето во ресторанот Рајниши во 1986 година и писмата со Антракс кои во 2001 година биле испраќани кон одредени цели.

Опасноста од биолошко оружје е реална и сега. Но, актуелниот американски претседател Трамп на темата коронавирус не само што одговара со непромислени гестови, туку во своите говори се однесува кон вирусот како да е измама. Колкава штета би била спречена доколку една од најмоќните нации би се однесувала поинаку? Ако 11 септември е промашување, тогаш историјата без сомнежи ќе процени дали реакцијата на Трамп во врска со КОВИД-19 е неуспех од храброст, сочувство и пред се, конкуренција.

И додека во светот беснее природната пандемија, застрашувачки е фактот дека истиот е преполн со биолошко оружје. Доволно е со многу пари, опрема и знаење да се создаде лабораториски вирус кој би бил многу помоќен од еболата.

Генетската манипулација е најголемата закана за човештвото, бидејќи дозволува било кој да уфрли опасен вирус. За разлика од, да речеме нуклеарниот терорист, кој не може да делува без набавка на драгоцен, редок и добро чуван материјал, биохакерот може да користи микроби од било кое место. За разлика од нуклеарниот терорист кој има само еден удар, бомбата на биохакерот може да се користи безброј пати.

Лошите вести се дека човештвото може да заврши со кашлица. Добрите вести се дека светот тоа може да го сопре.

А може да се сопре со добро развиени здравствени системи, нешто на што треба да размислуваат сите држави, не само оние поразвиените. Секако, може да помогне и меѓусебната соработка и сполотеност меѓу институциите, организациите и државите, кои треба да бидат вообичаени, а не само во ситуации кои ги доживуваме во последните неколку месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi