КОВИД-19 СЕ ШИРИ ОД СУПЕРМАРКЕТ: Примероци од вирусот пронајдени во замрзнувач, ОВАА храна е особено опасна!

21 октомври, 2020
korona-na-hrani

Досега се сметаше дека вирусот не може да преживее во овие услови, но преживеа!

Кинескиот центар за контрола и превенција на болести објави дека на амбалажата на замрзната храна се пронајдени живи примероци од корона вирусот!

Досега се веруваше дека корона вирусот не може да преживее смрзнување, а сега се пронајдени живи примероци на пакувањето на замрзната храна во град што е ново жариште!

Примероците се пронајдени на пакувањето на замрзната риба во градот Кингдао, што е ново жариште на корона вирусот.

Жив примерок од вирусот е пронајден на пакет замрзнат бакалар, а голем број нови случаи во тој град се поврзани со работници кои истоваруваат и пакуваат замрзната риба.

Научниците се загрижени дека е можно короната да „патува“ подалеку отколку што се мислеше ако преживува на замрзната храна.

Тие нагласуваат дека самата храна не е заразена, но дека вирусот стигнува до пакувањето од заразените лица, но фактот дека преживува на пакувањето е длабоко загрижувачки.

И во Велика Британија има неколку случаи на „кластери“ во фабриките за замрзната храна, особено во крајбрежните градови каде што често се пакува риба. „Дејли меил“ пишува дека не е можно со сигурност да се утврди дали проблемот е во самата храна, или хигиенските услови и мерките за превенција што се спроведуваат во фабриките и местата каде што е спакувана рибата.

escort - Korsan taksi