7 совети за подобар сексуален живот!

15 ноември, 2020
секс

Секогаш е толку едноставно, иако се чини комплицирано. Слушајте што ви зборува вашиот партнер, вежбајте и испробајте нешто ново дури и кога нешто не ви се допаѓа

Постојат многу совети кои гарантираат дека ќе ве направат најдобар љубовник. Но, овие седум совети ќе бидат сосема доволни, изјави сексуалната терапевтка Трејси Кокс.


Еве ги 7-те најважни потези што морате да ги совладате:


1. Слушајте и научете

Техниката може да се научи, но таа навистина не е важна, вели Трејси Кокс.
– Кога велиме дека некој е одличен во кревет, мислиме дека ни одговара сексот, дека го прави она што го сакаме – објаснува таа.

Прашањето е само да слушате што вашиот партнер ви кажува дека го сака и да го сторите тоа. Тоа е толку едноставно.


2. Теорија и пракса

Сексот е како пишување. Ако го направите тоа со два прста, тоа е во ред, но нема да бидете ни приближно добри како оние што пишуваат со сите десет прста и редовно вежбаат – објаснува Кокс.

Сите треба да научиме некои техники, да користиме и раце и јазик и секси играчки, без оглед колку себе се наоѓаме привлечни. Ова се основите и кога ги знаете, прилагодете ги на личноста со која сте. Набљудувајте, учете, слушајте. Прашајте дали е сè во ред, дали и одговара тоа што го правите. Запомнете го одговорот и сторете го тоа.


3. Вежбање до совршенство

Едноставно е – колку повеќе имате секс, толку сте подобри во тоа. Кај жените, ова е специфично – оние кои имаат најмногу секс, доживуваат и најмногу оргазми, покажаа студиите.

4. Рутината е смртта во сексуалниот живот

Паровите кои не сакаат да научат нешто ново, сигурно немаат возбудлив секс, а со текот на времето сè помалку го сакаат токму затоа што знаат дека ќе имаат досаден секс.

Најчеста причина што луѓето не пробуваат нови работи е затоа што се загрижени дека нема да им се допаднат, дека ќе изгледаат смешно или дека нема да знаат што да прават. Но, сексот треба да биде забавен, нели? Така и треба да се пристапи, без оптеретувања. Само забава!

5. Не судете

Да му кажете на вашиот партнер да ви го направи точно она што го сакате не е најлесната работа на светот, нели? Кога другата страна ќе започне да ви зборува за своите желби, смирено слушајте ја и спротивставете се на нагонот да се смеете како тинејџер, да ја осудите или да го сфатите тоа како навреда.
Многу е важно отворено да зборувате за тоа за да не осети вашиот партнер одбивност. Ова позитивно ќе влијае на вашиот сексуален живот.

6. Не треба да се срамите да зборувате за секс

Ја слушаме оваа реченица толку многу пати, а изненадувачки колку малку парови тоа го прават, вели Трејси Кокс. Важно е да разберете дека можете да опишете точно што сакате со зборови, дали да биде „побавно“ или „побрзо“ две лица можат да го разберат сосема поинаку.
За да избегнете каква било навреда или лутина за време на сексот, не давајте негативни повратни информации, само позитивни. И по сексот, кажете го она што не ви се допадна, но внимателно и тактично. Секој е чувствителен на своите перформанси во сексот и ова треба да се земе во предвид.

7. Самодовербата е многу важна

Добриот изглед стварно ќе ви биде од костист, но срамежливоста и сексот со исклучени светла нема да ви овозможат возбуда кон која се стремите. Ако почнете да се чувствувате привлечно и да се однесувате така, ќе бидете и подобри во сексот.

escort - Korsan taksi