Дали некогаш сте се запрашале зошто жените стенкаат за време на сексот?

16 јули, 20200
stenka

Ако гледаме разни филмови, се чини дека правилото е едноставно – колку повеќе жената „вреска“, толку повеќе ужива во сексот. Но, една студија открила дека не е ни толку добар знак.

Потврдата е добра, нè турка понатаму, обезбедува охрабрување и го „скокотка“ егото. Кај сексот не е поразлично. Многу мажи сакаат кога нивната партнерка им покажува колку ужива во неговиот допир, а најчестиот показател дека е успешен, за многу мажи е стенкањето на жената. Но, ако се верува во една британска студија, стенкањето за време на сексот не мора да значи дека партнерот ужива толку многу. Причината може да биде една сосема поинаква.

Експерти од University of Central Lancashire i University of Leeds спроведоа истражување кај жени на возраст од 18 до 48 години. Тие сакаа да ја истражат вистинската причина зошто жените во кревет често знаат да прават гласни звуци.

Многумина ќе речат дека причината е веројатно крајно задоволство и уживање, па дури и ќе се осмелиме да кажеме врвен оргазам. Но, одговорите на анкетираните жени можеби ќе ве изненадат.

Повеќето жени признале дека стенкале во кревет, но не од горенаведените причини. 87% од испитаниците изјавиле дека свесно стенкаат, не заради самите нив, туку заради партнерот, или да го направат да се чувствува подобро. Дури 66% од испитаниците изјавиле дека стенкаат за да го забрзаат машкиот оргазам.

Можеме да кажеме дека овие одговори не се изненадувачки затоа што, како во порно, така и во поп културата, ние сме научени дека жената најмногу го израдува своето задоволство во кревет со стенкање.

 Затоа, голем број жени го прават тоа за да го задоволат мажот, верувајќи дека тие едноставно треба тоа да го сторат. Се разбира, тоа не значи дека голем број жени во исто време навистина го прават тоа за да го искажат своето задоволство меѓу чаршафите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi