Експертите ги откриваат петте грешки кои жените најчесто ги прават во кревет!

27 јули, 20200
45656

Понекогаш премногу размислување и анализи може само да ве укочат, а тоа е често случај и кај сексот. Наместо да се препуштат на чувствата и да се релаксираат, жените често размислуваат премногу за своите постапки во кревет и тоа им го расипува уживањето.Експертите издвојуваат 5 грешки што најчесто ги прават жените за време на сексот.

1. Чекате да бидете расположени за секс

Ако чекате вашиот мозок и тело да бидат напалени за секс, ќе се изначекате. Повеќето жени не чувствуваат потреба сè додека нешто не ги поттикне да го сторат тоа – бакнежите на партнерот, допири… „Предиграта, дури и самите допири, го движат телото и испраќаат порака до мозокот за да го активираат интересот за секс, покажаа истражувањата“, наведува американскиот лекар Скот Халцман.

„Дури и ако сметате дека не сте доволно подготвени за самиот чин, на пример, не сте доволно влажни, тоа не значи дека не сте возбудени. Во вакви случаи, лубрикантите можат да помогнат за време на предиграта “, вели психијатарот Медлин Кастеланост.

2. Потребите на вашиот партнер се поважни за вас отколку вашите потреби

Пренасочувањето на целата ваша енергија кон задоволување на вашиот партнер нема да ве направи подобар љубовник, туку само помалку среќен. Ова може да има лош ефект и за двете страни. Сексот е време да бидете себични и да уживате.

„Биолошки, жените се предодредени да ги постават потребите на другите луѓе пред своите. Но, тој инстинкт треба да се отфрли кога станува збор за вашиот сексуален живот. На жените им треба подолго време да се возбудат и да доживеат оргазам и тоа е во ред. Не се чувствувајте виновни. Вашето уживање го возбудува вашиот партнер “, објасни Кастеланост.Таа додава дека е многу важно да бидете искрени со себе и со партнерот за тоа што ви одговара. Не ви се допаѓа одредена поза? Кажете. Дали сте премногу уморни во 11 часот навечер? Имајте утрински секс. Направете како што ви одговара и на двајцата.

3. Кога тој има проблеми мислите дека сте вие криви за нив

Понекогаш и мажите едноставно не можат, не сакаат, не се расположени, депресивни се или не можат да добијат ерекција. „Исцрпувањето, стресот и депресијата можат значително да влијаат врз машкото либидо, како и врз желбата на жените“, вели Халцман.Мажите исто така имаат период на закрепнување по оргазмот.

4. Се оптоваруваат со тоа како изгледа нивното тело

Факт е дека повеќето мажи воопшто не се грижат какви гаќички и градник носите или пак какво е вашето тело.

Тие сакаат секс со со вас и тоа е тоа. Опуштете се и уживајте. Вашето мислење за вашето тело само ви штети, тој не размислува на истиот начин како вас.

5. Престанавте да фантазирате

Паровите кои се долго време заедно, понекогаш можат да имаат период кога сексот им е здодевен. Тоа е затоа што тие престанале да фантазираат. Кастеланост тврди дека нема ништо лошо во размислувањето за секс и фантазирање за различни сценарија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi