„Имам проблеми до грло, мојата девојка и љубовницата се бремени“

22 август, 20200
Annotation 2020-08-22 224440

Тој предизвикал две непланирани бремености, така што тој не знае како да се справи со целата ситуација.

Мојата девојка е бремена, но сега е бремена и мојата љубовница со која се гледам редовно. Во невоља сум. Од секогаш сум бил женкар, но мојата девојка успеа да ме смири. Од моментот кога се фативме, повеќе не размислував за секс цела ноќ. Таа има 30 години, јас 28. Ние сме заедно веќе три години, а минатата година се пресели со мене. Сакам тетоважи и сакав нова, па таа ми рече дека можам да направам една за мојот роденден. Отидов во салонот и договорив три термини. Мојата  tattoo артистка беше навистина убава. По првиот термин, таа ме контактираше преку пораки за вториот термин, но тие пораки брзо се претворија во сексуални пораки – еден маж напиша за The Sun.

Еден ден отишол во нејзиниот стан и ја изневерил својата девојка. Сексот со неа беше одличен, како што вели самиот тој, и тие го повторија во текот на следните неколку дена. Но, тогаш девојчето му рекла дека е бремена и тој го прекина целиот контакт со својата љубовница. Неколку недели подоцна, тој добил порака од љубовницата дека е бремена. Таа сака тој да се пресели со неа и да се грижи за бебето, но тој не сака затоа што тој веќе има бебе на пат со својата девојка. Сега тој не знае како да ја реши целата ситуација, затоа бара совет од експерт.

– Оваа ситуација не ви изгледа добро. Имавте две непланирани бремености во исто време. Не можете само да посакате оваа ситуација да замине. Разговарајте со својата љубовница. Кажете и дека ви е жал што ја одвлековте, но дека сте посветени на вашата девојка. Ако реши да ја продолжи бременоста, таа мора да биде свесна дека ќе биде самохрана мајка. Во тој случај, побарајте тест за татковство и кажи и ’дека ќе ја поддржиш финансиски и емотивно. Секое дете заслужува двајца родители кои ќе му дадат љубов. Потоа, признајте ја вистината на вашата девојка, побарајте прошка и ветете и дека тоа нема да се случи повторно – одговори Деидре.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi