Како да се справите со расправиите во вашата љубовна врска?

17 мај, 20200
Wife shouting at husband. Cheating man. Betrayal.

И проблемите зближуваат некогаш!!

Расправиите и периодите на сексуална апстиненција не мора да значат крај на врската или бракот. Дури и партнерите кои се во хармоничен однос ќе се расправаат во одреден момент. Сите овие непријатности, всушност, можат да донесат освежување во вашата врска, па дури да ве зближат уште повеќе со вашиот партнер!

РАСПРАВИЈА ВО ВРСКАТА

Domestic fight. Angry african-american woman shouting at her man on gray background

Зошто тоа не е толку лошо? Иако има малкумина кои уживаат во расправањето, треба да знаете дека секоја голема дебата, водена од аргументи, дури и со покачен тон, има свои предности. Како прво, на овој начин го „прочистувате воздухот“. Ако двајцата сè уште имате желба да разговарате за некои работи, тоа сигурно значи дека постојат чувства меѓу вас. На крајот на краиштата, психолошкото истражување покажува дека рамнодушноста и незаинтересираноста за изразување мислења и емоции се сигурен пат за разделба.

Во принцип, постојат два вида на кавги: здрава, директна кавга – во неа ги искажувате своите мислења, донесувате одлука за тоа што треба да се смени и превземате акција. Вториот вид е нездрава кавга – се карате за мали нешта, но секогаш завршувате во конфликт околу сексот, парите или децата. На овој начин, проблемот никогаш нема да се реши, а тензијата и вашата меѓусебна нетрпеливост само ќе растат. Значи, следниот пат кога ќе се расправате, слушајте го и партнерот што има да каже за ситуацијата.

СЕКСУАЛНА АПСТИНЕНЦИЈА

Couple having arguments and sexual problems in bed

Сексуалниот живот на секоја двојка е исклучително индивидуален и никогаш не се одвива според статистиката, а уште помалку според некој утврден распоред. Повеќето парови имаат подеми и падови – периоди кога често водат љубов и оние периоди кога таа желба не е толку изразена. Но, ако и двајцата имате доволно среќа да водите љубов еднаш на секои две недели, тоа е сосема нормално. Наспроти популарното верување за мажите, нивниот интерес за секс се намалува со возраста. Сексуалната желба на мажот е подеднакво погодена од сè што влијае на либидото на жената – проблеми во врски, проблеми на работа, дневен стрес – и честопати резултира во губење на ерекција или предвремена ејакулација.

Всушност, колку повеќе се грижите и се нервирате поради немање секс, толку повеќе ќе расте вашиот стреес и вашата сексуална желба значително ќе се намали. Прифаќањето на фактот дека вашето либидо се менува под влијание на чувствата и расположението, како и уживањето во сексуален однос, ќе ја подобри вашата сексуална самодоверба преку ноќ.

ТРЕТМАН СО МОЛЧЕЊЕ

Mistrust and cheat problems. Annoyed couple is ignoring each other, but spy each other secretly, they stand on pure background in casual shirts

Зошто тоа не е толку лошо? Добро, со недели без да разговарате не е баш најдобрата идеја. Но, понекогаш е корисно да го прекинете разговорот и да размислите што сакате да кажете. Ако се најдете во еден злобен круг на бесмислени приказни на истите теми, период на молчење и анализирање на она што сакате да го кажете, ќе ви помогне да одделите важни информации  кои треба да му ги соопштите на вашиот партнер. Покрај тоа, ако имате јасна идеја во вашата глава за тоа што сакате да го кажете, како и целта на вашата приказна, разговорот полесно ќе тече.

Ако има период на тишина, направете список на теми за кои сакате да разговарате со вашиот партнер. Исто така, треба да ги анализирате можните причини зошто престанавте да комуницирате. Дали молчиш затоа што сакаш да го натераш да направи нешто? Кои работи ви одат на нерви кај партнерот? Вие мора првин да ги расчистите овие работи со себе.

ДЕЦАТА НА ПРВО МЕСТО

concept of housing and relocation. happy family mother father and kids with roof at a home

Кога вашиот партнер и вели дека повеќе се грижите за децата отколку за него, дали мислите: „Во право е“? Или можеби имате впечаток дека всушност вие сте “невидливи” за него кога тој ќе си дојде дома, после работа?!

 Објективно, многу е подобро да им се покаже на децата внимание кога им треба, отколку да се обидувате да ги задоволите сите семејни потреби во исто време. Покрај тоа, истражувањата покажуваат дека фокусираното внимание на обете партнери кон децата создава чувство на блискост, што може само да ја подобри врската, како и заедничките уверувања и животните вредности.

Поставете граници помеѓу семејниот живот и вас како двојка. Можеби ќе ви биде полесно да ги ставите децата на прво место за време на стресни ситуации (на пример, во текот на работната недела) ако знаете дека веднаш штом одат во кревет, целото време ќе биде резервирано само за  вас двајцата. Не заборавајте дека сте пар, не само родители кои живеат заедно. Запомнете дека повремено „ставањето“ вас како двојка во преден план не е воопшто себично.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi