Како во бајка: Ја запросил девојката под комета која се гледа само еднаш во 6800 години (ФОТО)

27 јули, 20200
zaprosuvanje

Кога станува збор за љубовта, имагинацијата нема граници. Особено кога станува збор за моментот на запросување.

Во последниве години, се чини дека паровите се натпреваруваат во креативноста, но еден човек отиде чекор подалеку и ја запроси  својата сакана под ретка комета на прекрасна ноќ…

Џон Никотера е страствен љубител на вселената. За да ја изненади неговата тогашна девојка Ерика Пендрак, тој го организирал патувањето како Божиќен подарок. За жал или за среќа, тој морал да го откаже патувањето, но смислил подобра идеја за да ја запроси. Сепак, тој имал само 5 дена да организира сè.

Имено, Ерика и Џон редовно ги следеле сите настани поврзани со вселената, па затоа е сосема логично што сакал запросувањето да биде поврзано со тоа.

Кометата Новејс било првото нешто што му паднало на памет, па нашол место во Олд Форж, што му го кажал близок пријател.

На тоа место, оваа комета можеше да се види јасно со голо око. Интересно е што Новаис може да се види еднаш во 6.800 години.

Џон вели дека секоја фотографија е направена во експозиција од 7-10 секунди, и дека Ерика не знаела што ќе се случи. Тој посочил дека во тој момент сите тие убави моменти поминати со неа минувале низ неговата глава во прекрасни сеќавања и дека тој никогаш не се чувствувал толку среќен во животот.

Кога тој конечно го поставил судбоносното прашање, и на двајцата им требало време да дојдат при себе. Ерика била целосно шокирана и во целосно неверување.

Фотографиите од среќниот момент брзо се раширија на Интернет, оставајќи ги луѓето маѓепсани. И тие дури беа споделени од астронаутот Герет Рајсман, кој му честиташе на парот за нивната веридба, пишува порталот Bored Panda.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi