Покажете и што претставува задоволство: Еве како да ја зголемите издржливоста во кревет – Како ерекцијата да трае подолго!

19 ноември, 2020
ерекц

Неколку моменти пред ејакулацијата, притиснете го љубовниот мускул лоциран помеѓу анусот и тестисите, советува Џејн К. Алeнде и открива друг метод за тоа како ерекцијата да трае подолго


Предвремената ејакулација е претежно предизвикана од психолошки фактор, а не од физички, па сексуалната издржливост може да се зголеми со природни методи, вели Џејн К. Алeнде авторката на книгата „Increase Your Sex Power Naturally“.

Мажите кои ејакулираат предвреме за време на сексот, треба да го подобрат функционирањето на нервниот систем за да ја зголемат сексуалната издржливост. Најважно е да се зајакне љубовниот или компјутерскиот мускул, а кога ќе се зајакне, ќе можете да издржите подолго во кревет и да му дадете на партнерот подобро сексуално задоволство.

Еден од најдобрите начини да ја зголемите вашата сексуална издржливост во кревет е методот „тргни-застани“. Може да вежбате за време на сексот или додека се самозадоволувате. Престанете со секаква стимулација и извадете го пенисот (доколку имате секс) кога ќе почувствувате дека сте толку возбудени да би можеле да ејакулирате за една минута. Потоа опуштете се и почекајте додека не добиете контрола над возбудата и додека не помине желбата за ејакулација.
Ако водите љубов, сменете ја позицијата за тоа време или орално задоволете го вашиот партнер. Кога сте сигурни дека сте ја поминале желбата за ејакулација, продолжете со сексуалната стимулација. Оваа вежба можете да ја повторите онолку пати колку што сакате.

Наместо методот ‘go-stop’, можете да ја испробате и техниката ‘push point’. Неколку моменти пред ејакулација, притиснете го љубовниот мускул лоциран помеѓу анусот и тестисите. Ако сте почетник, треба да престанете со сексуалната стимулација за секој случај. По некое време, ќе можете да ја изведувате оваа техника без да престанете со сексуалната стимулација – објаснува Џејн К. Алeнде.

Притиснете го љубовниот мускул додека не престане ејакулаторниот нагон. Почетниците треба да го притискаат мускулот дополнителни десет секунди – додаде таа.

escort - Korsan taksi