“Раздвоено спиење”-термин кој ги заинтригира сите парови!

29 мај, 20200
spienje

“Раздвоено спиење” ви помага да имате подобра врска и подобро да спиете

Постојат неколку причини зошто спиењето во ист кревет со партнерот може да биде помалку романтично отколку што се надевате: ‘рчење, клоцање и вртење, спиење со светло додека вашиот партнер чита…сето ова се причини за воведување на “Раздвоено спиење”. Не грижете се – звучи подраматично отколку што е. “Раздвоено спиење”. едноставно значи да спиеш во одделни кревети. Значи, ако спиењето во ист кревет има негативен ефект врз вас и навистина се меша во можноста за квалитетен сон, можеби е време да направите нешто за тоа.Дали знаевте дека над 30 проценти од луѓето, според едно истражување, велат дека се подготвени да го прифатат овој предизвик.

Couple having arguments and sexual problems in bed

Зошто треба да размислите за “Раздвоено спиење”?

За подобро спиење, се разбира.

” Има смисла да спиеме одделно секој пат кога едниот партнер ќе го вознемири другиот, без разлика дали тоа е резултат на ’рчење, различен распоред за работа или немирен сон “- вели  д-р Крис Винтер, кој ја води клиниката за третман на нарушувања.

” Барем од време на време.Спиењето е навистина многу важно. Висок квалитет на спиење е поврзано со избор на здрава храна, подобри перформанси на вежбање, поефикасна работа и многу повеќе. Лошиот сон може да има огромно влијание врз вашата врска”, вели д-р Винтер.

– Луѓето се повеќе раздразливи, помалку способни да читаат емоции, тие се поимпулсивни и повеќе склони кон депресија ако не спијат правилно.Важно е дека спиењето е приоритет … за вашето здравје и за вашата врска.

Може ли “Раздвоено спиење” да биде лошo за врската?

Д-р Винтер ги охрабрува луѓето да се воздржат од размислување за здрави врски и спиење во ист кревет како работи кои не можат да се раздвојат.

– “Спиењето одделно е личен избор, но мислам дека две лица можат да се сакаат едни со други без да спијат во иста спална соба”-вели тој.

Терапевтот за двојки Шери Аманстај вели дека е вообичаено една личност да се вознемири кога друга сака да спие одвоено, но таа ги охрабрува сите да ги објаснат своите желби на партнерот и дека спиењето во одделни кревети нема никаква врска со вашите чувства кон партнерот. Во исто време, обидете се да не ја сфаќате премногу лично, ако ситуацијата е обратна, пишува порталот Women’s Health.

Кои се следните чекори ако сакате да го пробате ова?

Не секој има луксуз на вишок спална соба, но ако тоа е случај, размислете за предностите. Одделните спални соби му даваат можност на секој партнер да ја прилагоди својата соба за спиење според своите потреби и желби, вклучително и изборот на душек, осветлување и температура – вели д-р Винтер за важните фактори кои придонесуваат за добар сон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi