Се сомневате, но немате докази? Еве 3 начини да откриете дали вашиот партнер ве изневерува!

22 декември, 2021
ТЕ ВАРААА

Прељубата никогаш не била толку лесна да се открие како што е денес, под услов да сте доволно храбри и подготвени за неочекувани чекори во животот

Промена на сексуалните навики, останување на работа прекувремено, заклучување на мобилниот со шифра и „најголемиот доказ“ – кармин на кошулата, се само некои од сигналите што покажуваат дека вашиот партнер ве изневерува.

Но, што ако недостасуваат сите горенаведени докази, а сè уште ве копка таа помисла дека вашиот партнер ве изневерува? Треба да го игнорирате тој „внатрешен глас“ или не? Дали треба да ангажирате приватен детектив?

Експертите за секс и врски сугерираат да обрнете посебно внимание на овие три работи за кои повеќето припаднички на понежниот пол веројатно никогаш не би помислиле.

1.Проверете ги неговите социјални мрежи

Да следите животно низ шумата, тоа е прилично лесно – остава траги во форма на скршени гранки и отпечатоци кои откриваат по кои патеки се движело. Слично е и со неверните партнери – тие не можат да ги сокријат трагите на неверство, колку и да се трудат.

Социјалните мрежи се најчестиот канал на комуникација денес. Многу врски и бракови се распаднаа поради флертувањата што започнаа на Фејсбук, Твитер и Инстаграм.

Но, дали некогаш ви паднало на памет дека вашиот партнер, само за да ја покрие трагата, решил да контактира некој друг преку LinkedIn? Веројатно никогаш не би ни помислиле на тоа и многу е лесно да дознаете дали луѓето за кои се сомневате дека се мешаат во вашата врска или брак се наоѓаат на неговата листа на пријатели на оваа деловна мрежа. И, ако тие се пријатели, тоа не мора да значи ништо, особено ако се од иста компанија или од иста професија, но ако се од сосема различни деловни сфери, тоа може да биде „знак за предупредување“.

2.Пауза за ручек
Во повеќето компании, работниците денес можат да ги напуштат своите работни места и да одат на пауза за ручек. Одењето на вашиот партнер со колешка или повеќе колеги или колешки на ручек не е доказ дека вашиот сакан е неверен. Но, сепак, можеби не е лошо од време на време да „погледнете“ како изгледа неговата пауза – секако, доколку имате можност истовремено да ја напуштите работата и да појдете до ресторанот или кафулето каде што вашиот партнер има пауза.

3.Желба за спорт
Ако вашиот партнер нема работа што може да му овозможи да оди на службени патувања, тогаш тој има доволно време да вклучи бројни активности во својот распоред во текот на неделата. Кошарка, фудбал, тенис, риболов… Можностите се безброј, но ако откриете дека тој одеднаш е особено среќен пред да замине да спортува, да набави нова тренерка, фенси патики, запрашајте се дали навистина оди на спорт или се радува на некоја друга активност.

Прошетајте таму каде што ви рекол дека спортува – ако не го најдете таму еднаш, втор пат, трет пат…време е за посериозен разговор.

Среќен лов!

escort - Korsan taksi