Секс-терапевт ги открива придобивките од оргазмот во текот на бременоста

25 јуни, 20200
seks

Добра вест за очекуваат мајки: За повеќето бремени жени, оргазмот е целосно добредојден! Всушност, оргазмот во бременоста може да биде неверојатен од многу причини, а прочитајте неколку од нив подолу

„Сексот во бременоста е добар за вашето тело, за сликата на телото, за срцевиот ритам и за врската со партнерот“, вели сексуалниот терапевт Лу Пејтт, чиј бестселер „Жешки мајки“ со години ги “бодри” идните мајки во спалната соба. „Придобивките се исти како кога не сте бремени, но можеби и поголеми“, додава терапевтот.

Поради многу стравови и митови, жените можеби се двоумат кога станува збор за оргазмот, но ако вашиот лекар ве известил дека бременоста е нормална, немате ризик од предвремено раѓање и нема други компликации – нема зошто да не можете да имате секс за време на бременост. Еве четири причини зошто оргазмот е добар за бремените жени:

1. Вашите оргазми можат да бидат помоќни „Многу жени ми кажаа дека би сакале повторно да имаат оргазам како во бременоста затоа што за време на бременоста тие биле многу посилни“, вели терапевтот. Некои жени за прв пат во животот доживуваат повеќекратни оргазми. Но, без разлика дали станува збор за повеќекратни оргазми или не, сензациите се зголемуваат бидејќи пределот на гениталиите и карлицата се исполнети со крв, со што се интензивираат сите видови стимулација.

 2. “Вие сте расположени за секс” студија спроведена во “The Journal ” за сексуална медицина открила дека 40 проценти од жените имале поголема сексуална желба за време на бременоста отколку пред бременоста. “Оваа желба може да се припише на силен коктел на хормони – прогестерон и естроген (дури и тестостерон во текот на вториот триместар)”, вели терапевтот, додавајќи дека градите се поголеми, брадавиците се чувствителни, постои поголем енергичен проток на крв во карлицата и поголема веројатност за природен лубрикант.

3. Сексот е „борец против стресот“ „Оргазмите придонесуваат за забрзување на адреналинот, што потоа придонесува за големо ослободување на стресот“, вели терапевтот. Истражувањата покажаа дека сексот помага во намалување на крвниот притисок, ве прави смирен, па дури може да го намали ризикот од срцев удар. „И најдобриот дел, барем што се однесува до бремените жени – сексот е толку релаксирачки што ви помага да спиете“, додава тој.

 4. Вашата врска ја одржува жива и повеќе страствена „Од брачна гледна точка, секогаш е добро да се поврзете со вашиот партнер на најинтимни начини“, објаснува терапевтот. Не само што сексот го враќа чувството на нормалност во инаку турбулентен период од вашите животи, туку буквално, хемиски, ги доближува паровите, благодарение на ослободувањето на окситоцинот, т.н. хормон на љубовта. Истражувањата покажаа дека окситоцинот ја зголемува емоционалната приврзаност и нè прави повеќе сочувствителни, полни со поддршка и доверба – се што е потребно за силна врска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi