Шест знаци дека љубовната врска ви го загрозува пријателството

25 април, 20200
љубов

Сигурно сте се нашле во ситуации во кои морате да балансирате меѓу партнерит и пријателите. Некогаш тоа е тешко да се оствари, па обично едната страна трпи. На самиот почеток на врската, додека сè уште се запознавате со партнерот, нормално е да поминувате повеќе време заедно, но ако и по неколку години врската го троши сето ваше време и енергија, крајно време е да се обидете да си ги спасите пријателствата. Многу е важно покрај врската, да ги негувате и храните и пријателствата.

Ако не сте сигурни дали и вие го правите тоа, еве неколку јасни показатели дека ги занемарувате пријателите заради љубовниот живот.

Често ги откажувате плановите со пријателите

“Како и кај повеќето работи, рамнотежата е клуч кај здравите лица. Ако ги откажувате плановите со пријателите само за да поминете време со партннерот, тогаш вие им нанесувате штета на вашите пријателства. Вашите пријатели може да се почувствуваат повредени и огорчени, а вие може да зажалите заради тоа подоцна”, објаснила Ана Пос, психотерапевтка.

Новостите за пријателите ги дознавате на социјалните мрежи

“Ако дознавате важни работи за вашите пријатели на социјалните мрежи, како на пример нова работа, каде биле за викенд, дали се во нова врска, запрашајте се дали вашата врска влијаела на тоа колку сте поврзани со пријателите”, вели психологот Мари Ленд.

Зборувате само за вашиот љубовен живот

Ако средбите со пријателите ви поминуваат во зборување само за вашата врска или партнер, време е да престанете да го правите тоа. Никој не ужива цело време да слуша за нечиј љубобен живот. Наместо тоа, покажете интерес за новитетите во животот на вашиот пријател.

Во текот на дружбата со пријателите размислувате само за партнерот

Ако не можете да се фокусирате на работите кои пријателот ви ги зборува, а вообичаено ве интересираат, тогаш тоа е еден од јасните знаци дека љубовната врска ви го расипува пријателството

Партнерот упорно ве убедува дека поминувате премногу време со други луѓе

Ова се нарекува посесивност и не, не е нормален дел од здрава врска. Не е нормално партнерот да се обидува да ве изолира од семејството и пријателите.

Вашиот партнер е љубоморен на врската која ја имате со пријателите

Многу луѓе мислат дека е нормално партнерот да биде малку љубоморен на нивните пријатели, но не е. Вие сте возрасни луѓе и треба да ја разбирате потребата за социјализација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi