Што навистина гледаат во вас? 7 клучни причини врз основа на кои мажите ги избираат жените за брак

9 јули, 20200
Annotation 2020-07-09 180946

Еве што “бараат” мажите од идните сопруги.

Мажите не знаат многу за жените, а таква костатација има и за спротивниот пол.


Некои можеби се изненадени од основните причини зошто мажите одлучуваат да стапат во брак со оваа девојка, а не со некоја друга.

Експертите веруваат дека може да се издвојат 7 работи што членовите на посилниот пол бараат во идните сопруги

Компатибилност

Дали сте слични, или сосема поинакви по карактер? Мажите се практични суштества, одлуката за брак зависи од нивната проценка дали со вас може да има нормален живот.

Вашата кариера и финансиска состојба
Фактот дека тие се заинтересирани за состојбата на вашата сметка во банка, не значи дека тие не сакаат да се грижат за вас, туку дали и како вие ќе придонесете финансиски за идната заедница.

Со оглед на тоа што парите се една од најчестите кавги во бракот, не е лошо да се знае уште на почетокот дека овој сегмент е елиминиран.

Вашата цел

Не, не е доволно вашата цел да биде да стапите во брак. Мора да му покажете дека имате важни цели во животот, а тоа исто така е важно поради тоа што, тој сака да провери дали вашите планови ги мешате со неговите.

Вашата личност
Две веројатно клучни квалитети се вашата топлина и љубезност. Што има смисла, бидејќи треба да бидете мајка на неговите деца.

Како се сложувате со неговите пријатели

Ретко е маж да се ожени со девојка која пријателите не ја поднесуваат органски. Тоа е затоа што повеќето мажи прво ја тестираат девојката и следат како се здужуваат со вашите пријатели, па врз основа на тоа тие одлучуваат дали сакаат да бидат со неа до крајот на животот.

Колку сте самоуверени
Исто како што жените не сакаат „безрбетници“, така и посилниот пол не сака да планира брак со дама која го нема своето „јас“, а која е премногу влијателна во врска. Самодоврбата секогаш се цени.

Како им оди во животот пред да се одлучат за запросување

Многу мажи велат дека чекале да бидат финансиски стабилни, или дека излегувањето со жени не е повеќе интересно како порано. Исто така, некои добиваат „бебешка треска“ кога се одлучуваат за брак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi