Тајните на Кама Сутра за експлозивно уживање: Со овие 3 совети лесно ќе доживеете оргазам!

13 април, 20200
ljubov

Многумина ја сметаат Кама Сутра како обична колекција на сексуални пози, но таа е многу повеќе од тоа.

Покрај сексот, античкиот текст се фокусира на односот помеѓу љубовниците, но и на самата љубов. Иако советите се стари неколку илјади години, повеќето правила за квалитетна љубов и добар секс лесно се следат и денес.

За древниот индиски мислител Ватсијајан кој ја напишал Кама Сутра, сексот е дел од природната рамнотежа на животот, а подолу прочитајте ги неговите три правила за максимално сексуално задоволство.

Предиграта е клучен дел од сексот

Според Кама Сутра не постои добар секс без предигра што мора да се направи добро. И предиграта не е само физичка.

Кама Сутра вели дека интимноста е предигра, а таа вклучува добра комуникација и вербално изразување на љубовта.

Покрај тоа многу е важно на партнерот да му покажете на сите можни начини дека го сакате и посакувате, а зборовите играат најголема улога во тоа.

Жената секогаш има предност кога станува збор за оргазам

Познато е дека мажите имаат полесен и побрз оргазам, додека на жените им е потребна малку поголема стимулација. Повеќето мажи сега би помислиле дека е логично они прво да го дожиеат врвот, но Кама Сутра не се согласува со тоа.

Поточно, во текстот се наведува дека жената има предност, а ако мажот инсистира на тоа, тоа значи дека тој ја разбира и ја цени својата партнерка.

Сексот треба да се цени

Според Кама Сутра, сексот не е само физичко задоволство, туку мора да се гледа како на нешто многу позначајно. Сексот е начин за подобра комуникација, а колку е подобра комуникацијата, толку е поголема поврзаноста со љубовникот.

Сексуалниот однос е доверба, отвореност, грижа за партнерот како физичко, и емоционално битие.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi