Врските во Зодијакот: Се сакаат и мразат, но не можат еден без друг!

21 август, 20200
par horoskop

Љубовта никогаш не е едноставна, луѓето се тргаат од личности за кои им е јасно дека не би им одговарале, додека другите токму таа спротивност баш ги привлекува. Големите подеми и падови во емотивен однос кои ги држи адреналинот е она што ги мотивира да останат со таквите луѓе, бидејќи кога не е комплицирано нив не им е интересно. Во врските знаковите кои не се хороскопски ускладени мора овеќе да работат и да се трудат, но кога ќе стигнат до целта среќата е неопислива. И они многу повеќе знаат да ја ценат својата љубов бидејќи знаат колку им било потребно да се ускладат и да успеат.

ВОДА и ВОЗДУХ

Врските помеѓу овие 2 елементи се прилично турбулентни и гледајќи ги од страна изгледаат како да секој момент можат да завршат се. На водените знаци (Рак, Скорпија, Риби) чувствата им се најбитни во животот додека на воздушните знаци (Близнаци, Вага, Водолија) интелектот им е главна водилка низ животот. Далеку од тоа дека тие не умеат да сакаат, бидејќи знаат да имаат многу силни и постојани емоции, но проблемот е што не умеат да ги покажат. Они сметаат дека се подразбира партнерот да знае колку им значи, па не им е јасно од кај толкава драма што скоро никогаш немаат излив на емоции. Водените знаци никако тоа не може да го прифатат, бидејќи нив им е неопходно од ден во ден да покажуваат колку се сакани и незаменливи. Нив им е крај на светот ако нивниот партнер понекогаш се фокусира повеќе на своите пријатели, бидејќи воздушните знаци се познати по својата дружељубивост, наместо нив.

Рак-Близнаци

За да опстанат, Ракот мора да престане да биде конзервативен по прашањето за љубовта, бракот и семејството и да не ја потенцира својата ранливост. Од друга страна, Близнаците мора да ја припитомат својата лелеава природа, да не се однесуваат како да се во пубертет и конечно да сфатат што сакаат од животот.

Рак-Вага

За нив двакца неопходно е да се почитуваат и да сфатат дека се рамноправни во врската, а не да се расправаат кој е главен. Добрата работа е што тие никогаш едниот од другиот нема да сокријат што ги загрижува и заеднички ќе пробаат да најдат проблем за секоја потешкотија.

Рак-Водолија

Кога Водолијата конечно ќе се обиде да ја сфати патријархалната и ригидна животна насока на Ракот, како и непостојаните желби за големи промени, а он увиди дека неа навистина ѝ значи иако му делува како да баш ѝ е гајле за нив двајца, ќе се најдат на вистинскиот пат.

Скорпија-Близнаци

За да успеат, Близнакот мора малку да го намали доживувањето со флертот бидејќи во спротивно Скорпијата ќе збесне од љубомора. Од друга страна, Скорпијата мора да сфати дека Близнакот ја обожава иако не поминува 24 часа дневно со неа како што сака.

Скорпија-Вага

Скорпијата мора да ја припитоми својата страствена природа и потреба за драматизирање, бидејќи Вагата на секој можен начин се обидува да избегне караница, па тоа би можело да ја уплаши. Исто така, Вагата мора да сфати дека нејзиното необавезно кокетирање со другите луѓе може да предизвика огромна љубомора кај Скорпијата.

Скорпија-Водолија

Двете се силни личности и кога конечно ги надминат разликите и судирите на тврдоглавост, почесто ќе соработуваат и ќе дадат одличен резултат. Пред се, они се најдобри пријатели и одлично се разбираат, а потоа дури се страствени љубовници.

Риби-Близнаци

Они можат да бидат идеален пар ако не се обидат да ги пригушат детските страни еден кај друг. Близнакот мора да сфати дека треба повеќе да се фокусира на својот партнер додека Рибата не сме да ги гуши со својата грижа и желба бидејќи ќе ја исплаши слободната и непредвидлива природа на Близнаците.

Риби-Вага

Исклучително романтичен спој кој се заснова на меѓусебно уживање и почитување. Дури и кога ќе наидат на големи проблеми, двајцата ќе направат се што е во нивна моќ да го спасат тоа што го направиле заедно.

Риби-Водолија

Сите нивни меѓусебни разлики успеваат да ги надминат благодарение на толеранцијата и искрената желба да се сослушаат и посоветуваат еден со друг. Романтичната Риба ќе направи се да го стопи леденото срце на Водолијата и да ја научи дека покажувањето на емоции е нормална работа.

ЗЕМЈА и ОГАН

Помеѓу припадниците на овие 2 елементи магнетната привлечност се гледа на километар. Колку и да е тежок или деструктивен односот, тие пак можат да траат. Меѓутоа, Земјата (Бик. Девица, Јарец) може на Оганот да ѝ изгледа како превнимателна и конзервативна, како и дека ги потискува своите емоции па поради тоа може да дојде до несогласувања. Од друга страна пак, Оганот (Овен, Лав, Стрелец) поради тоа може да го исцрпи својот партнер, па он може да се почувствува како го губи тлото под нозете во врската. Сепак, тие се неверојатен тим кога ќе си ги прифатат или занемарат разликите, бидејќи Оганот станува прагматичен поради влијанието на Земјата, а Земјата станува многу поактивна и благодарение на Оганот лѝ се буди поголемата животна радост. Авантурите и возбудувањата кај ваквиот спој никогаш не недостигаат, бидејќи нивните енергии совршено се дополнуваат.

Бик-Овен

Вистински спој на љубов и страст со тоа што Бикот не треба да претерува со мрзата бидејќи тоа буквално го убива Овенот кој по природа е енергичен. Меѓутоа, Овенот мора да му пружи на Бикот доволно романтика и понекогаш мора да успори бидејќи не смее како и во се, па и во сексот да е набрзина.

Бик-Лав

Можеби ставовите околу многу работи нема да им се поклопат и многу пати ќе размислуваат за тоа, но додека си веруваат еден на друг тоа е во ред. Мораат да научат отворено да комуницираат, а не да се обидуваат да се контролираат еден со друг. Кога ќе го сфатат тоа, ќе бидат незапирливи во остварување на својата среќа.

Бик-Стрелец

Кога Стрелецот ќе сфати колку на Бикот му е потребна стабилност и постојаност, а Бикот не треба да се труди да го згсне аватуризмот на Стрелецот и така се ќе биде во ред. Кога ќе ги постигнат најнужните компромиси, спремни се да уживаат во љубовта на ново ниво.

Девица-Овен

Овенот ги открива сите убавини и предности на заедничкиот живот покрај Девицата која е исклучително верна и спремна да сослуша. Сепак, таа мора помалку да тактизира и да не биде преголем ситничар, а Овенот треба несериозноста и импулсивноста да ги сведе на минимум за да потрајат подолго.

Девица-Лав

Тие еден во друг пронаоѓаат сигурност и доверба. Тој е нејзин заштитник, а таа го фали од се срце каде и да стигне. Меѓутоа, Лавот треба да се оттргне од театралноста која Девицата не ја поднесува, а таа не треба да запаѓа во малодушноста секој пат кора работите во нивната врска ќе започнат да идат надолу.

Девица-Стрелец

Овој пар е отворен за компромиси и промени, бидејќи се свесни дека само така може да опстане нивната љубов. Затоа Стрелецот треба да не ја поттикнува својата деструктивна природа бидејќи на Девицата ѝ е потребна стабилност, но и мора да го прифати неговиот малце несериозен пристап кон животот, да се опушти и барем на кратко да го гледа животот со негови очи.

Јарец-Овен

Овие два рогати знаци не треба да се доживуваат еден со друг како ривали туку да работат за заедничко добро. Сепак, Јарецот умее со својата ментална сила да го скрши Овенот и неговиот хиперактивен дух. Кога своите различни енергии ќе ги употребат за позитивна цел, постигнуваат неверојатни резултати.

Јарец-Лав

Јарецот иницира промени во љубовниот однос, а Лавот е тука за да го држи под конторла. Сепак, тој мора да сфати дека повремено својот друшвен живот треба да го сведе на разумна мерка бидејќи на Јарецот му е потребно да поминува повеќе време насамо. Лавот секако го импонира тоа што му е толку неопходен на Јарецот.

Јарец-Стрелец

Помеѓу нив двајца постои силна физичка привлечност која со време се претвара во вистинска љубов. Пријателството и посветеноста еден на друг е она што ги држи заедно. Сепак, Стрелецот мора да му даде доволно простор на Јарецот кој е голем кариерист и љубител на својата работа, а Јарецот мора да прифати дека Стрелецот има многу интересирања кои не го вклучуваат него. Тоа не значи дека не го сака туку дека сака малце повеќе време за себе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi