Луѓето кои се будат во ова време се попродуктивни, посреќни и повеќе заработуваат?

8 јуни, 20200
imageedit_191_6064760657

По ова истражување, ќе размислите уште еднаш пред да го одложите алармот наутро.

Не сте утринска личност? За вас имаме тажни вести: Неколку истражувања спроведени од организацијата Amerisleep откриваат дека ранобудниците имаат по продуктивен ден, поголеми плати и поголем квалитет на животот, во однос на оние кои наутро сакаат да спијат подолго.

Amerisleep посебно ги анкетираше 510 „ранобудници“ (категорија на луѓе кои вообичаено стануваат измеѓу 4 и 7 наутро) и 506 „спанковци“ (луѓе кои се будат помеѓу 8 и 12 часот). Со ова тие сакаа да откријат на кој начин одредено време на будење влијае на поединците, од расположението до платата.

Истражувањето исто така ги распоредува резултатите по генерации за да види каква е разликата во утрински рутини според демографската возраст. Помеѓу ранобудниците, најчестото време за будење е 6 часот наутро, но само затоа што ова време е најпопуларно, не значи дека носи најмногу продуктивност.

Според анкетата, луѓето кои „стануваат со петлите“ – околу 4 часот наутро – велат дека се чувствуваат високо продуктивно дури 71% од времето, во споредба со оние кои често спијат и до 11 часот, и чувствуваат дека се продуктивни 36% од времето.

Меѓутоа, продуктивноста не е единствена цел за ставање на аларм порано. Според истражувањето, ранобудниците заработуваат во просек скоро 46.000 долари годишно, што е дури 15.000 долари повеќе од просечната плата на луѓето кои спијат до подоцна, што изнесува во просек 31.000 долари. Оние кои имаат наместено аларм измеѓу 4 и 5 часот наутро заработуваат најмногу – дури 48.500 долари, а оние кои стануваат на пладне заработуваат најмалку, околу 22.000 долари.

Ранобудниците исто така се покажале како луѓе со најголем квалитет на живот и ниво на среќа. Иако и двете групи тврделе дека на сличен начин се задоволни од животот, ранобудниците повеќе потврдиле дека здравјето им е добро, имаат квалитетен сон и социјален живот.

Има смисла сето ова, бидејќи будењето рано нѐ изложува на повеќе дневна светлина, додава на будните саати од денот и ја негува продуктивноста, што понатаму може да ја зголеми платата.

Меѓутоа, не мора да значи дека оние што спијат до подоцна се сосема неуспешни или не заработуваат добро. Ако обожувате да спиеш, можете да си приуштите уште некој час во кревет, ако сте задоволни со таа рутина.

Но ако случајно сте размислувале да се тренирате да станете „morning person“ од лични причини, знајте дека тоа можете да го направите. Всушност, многу луѓе кои рано стануваат, не биле отсекогаш ранобудници.

Ранобудниците всушност се поделени на пола во однос на тоа дали отсекогаш станувале рано или тоа им станало навика подоцна во животот. Тоа се случило поради нова работа, или од желба да сработат повеќе во текот на денот, а за некои и родителството било поттик.

Кога станувате вие наутро, и дали би се обиделе да ги смените навиките и да станете дури во 4 часот?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi