Мачна и неприметна болест на современиот живот: како да приметите Хашимотов синдром?

28 април, 20200
хашмото

Улогата на штитната жлезда во нашиот организам е да обезбеди доволни колучини на хормонот тироксин (Т4) и тријодтироним (Т3), кои влијаат на развојот и метаболичките процеси во организмот. Овие хормони го забрзуваат разградувањето на глукоза во клетките и гликогенот во црниот дроб, влијаат на силата на срцевиот мускул, а најмногу се одговорни за физичкиот и ментален развој на организмот.

Хашимото тиреоидитис е автоимуна болест при што се случува клетките на имуниот систем да ги препознаат клетките на сопствените ткива како “непријателски”, па ги напаѓаат и уништуваат.

Причини за настанување на Хашимото синдром се антителата кои во тироидната жлезда прават имунолошко- инфламаторна реакција, а како последица се јавува оштетување на сопственото ткиво и манифестација на симптоми карактеристични за болеста.

Ова заболување е многу често и најчесто од него боледуваат жените на возраст помеѓу 40 и 50 години, но сè почеста е појавата на ран тиреоидитис.

Како главни предизвикувачи на Хашимото се наведуваат вируси, инфекции, психо-физички стрес, зрачење и телесни трауми. Она што е карактеристично за Хашимото е тоа што најчесто доаѓа во комбинација и со друга автоимуна болест како ревматоиден артритис, лупус, дијабетес, анемија, целијакија и сл.

Првичните симптоми се забрзана работа на срцето, потење, масна кожа, тремор, претерана возбуденост, губење на телесната тежина. Ови симптоми траат од неколку денови , па до неколку недели, а потоа доаѓа до појава на симптоми на хипотиреоидизам- кога штитната жлезда ја успорува својата работа.

Манифестацијата на симптомите се многу спори, често неприметни , почнуваат со благо зголемување на штитната жлезда на вратот, која обично се открива при рутински лекарски преглед, бидејќи пациентите не чувствуваат никаква болка или нелагодност.

Кога симптомите ќе се појават во полн ек, најчесто се чувствува голем замор, тромавост, бавно движење и говор, губење меморија, поспаност, безволност, губење на концентрација. Често може да се појави и запек, качување на телесна тежина и проблеми со апетитот.

Доколку забележите некој од симптомите, треба да се јавите на ендокринолог, кој на основа на преглед- ултразвук и лабораториски анализи на крвта за испитување на Т3, Т4, ТSH и антитела во крвта, ќе ја постави дијагнозата и ќе даде соодветна терапија која ќе ги стабилизира хормоните на штитната жлезда во крвта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi