„Малку се исплашив“: Французинката ја победи Короната на 105 години!

16 декември, 2020
corona-virus-stage-1920-9900000000079e3c

Корисничката на пензионерскиот дом од Франција, Леа Леви, која го прослави својот 105-ти роденден на 10 декември, надмина блага форма на ковид 19 оваа есен, рече директорот на институцијата во вторникот, потврдувајќи ја веста објавена во локалниот весник Le Dauphiné Libéré.

Ние го прославивме нејзиниот роденден соодветно и во согласност со околностите во друштво на нејзината ќерка“, изјави за АФП Стефан Ричард, директор на Фондацијата во Анеси. Претседателката на одборот на домот, заедно со нејзината ќерка и неколку медицински сестри, предадоа букет цвеќе. Сите имавме заштитни маски и немаше колачи, во согласност со ограничувачките мерки”, рече тој.

Морам да признаам дека малку се исплашив кога ми се слоши“, изјавила Леа за еден локален весник, додавајќи дека неодамна била во својот дом во Анеси. Имено, вториот бран на ковид 19 го погоди пензионерскиот дом во кој живее Леа последните неколку месеци. „109 од 185 наши луѓе се разболеа, или скоро 60 проценти, а дури 33, за жал, починаа како резултат на болеста“, рече Стефан Ричард.

escort - Korsan taksi