Мажите се отворија: кога таа ќе го направи ова за мене, се чувствувам како крал!

28 април, 20200
крал

Не, не е наша задача да се грижиме за мажите да се чувствуваат добро во секој момент. Големи, се можат сами да се грижат за себе, нели? Но, за луѓето што ги сакаме, сакаме и да правиме работи заради кои ќе се чувствуваат добро. Кои се ситниците кои мажите ги обожаваат и заради кои се чувствуваат како кралеви? Прочитајте!

1. Заедничко време

„Работам многу, по 60-70 часа во неделата. Кога имам слободен ден, мојата сопруга многу се радува дека ќе го поминеме денот заедно и тоа ми го покажува. Прекрасно чувство!“

2. Внимание

„Било какви комплименти!“ „Кога ми кажува дека сум привлечен.“ „Имам некој килограм плус, но ми кажува дека ме сака таков.“

3. Нежност

„Масажа или чешкање по грбот…Не знам зошто ама многу ми е добро“

4. Мали подароци

„Мојата сопруга неодамна ми подари цвеќе. Никогаш не сум помислил дека толку ќе се израдувам на таква мала работа.“

5. Вреднување

„Некогаш планиравме заедно да работиме, но по раѓањето на синот мојата сопруга почувствува дека треба да остане дома со него. За да можам тоа да и го овозможам, најдов работа која не ми се допаѓа, но ни ги покрива трошоците. Знам дека е старомодно да признаам, ама таа ако ми каже “Благодарам што одиш на работа” и го мисли тоа, би се расплакал од среќа.”

6. Прегратка

„Понегогаш мојата сакана ќе ме прегрне и тоа е супер! Често тоа е токму тоа што ми треба. Тие прегратки се како појас за спасување и ми даваат чувство дека не сум сам.”

Звучи едноставно да се направи, нели? Секако, ако и партнерот се труди вие да се чувствувате како кралици. И ако си тип што сака да слушне од жената “Благодарам што одиш на работа”, веројатно би требало да и возвратиш со “Ти благодарам што се грижиш за нашето дете!”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi