Микро неверство – чума на новото време

7 јуни, 2020
a7c6c757eb8adf64cb3423173e2cc76529917b2a_articlemain

Дали некогаш сте си разменувале секси пораки со некој друг освен со вашиот патнер? Сте го следеле бившиот на социјалните мрежи? Споделувале свои најиксрени тајни со колега од работа? Ако сте, виновни сте за микро неверство, концепт кој се најде во дејтинг лексиконот на дигиталното време, за да ги апсолвира ситните грешници и нивните мини престапи. Или можеби пак не ?

Светот на дејтување се менува побрзо отколку било кога: начинот на кој запознаваме партнери и границите кои ги поставуваме кога влегуваме во врска се потполно различни од светот со кој сме се поврзувале или заљубувале пред дваесет, десет па дури и пред 5 огдини. Се менува нашето мислење за неверство – каде е границата, кога ја преминуваме, зашто се почесто одиме по самата ивица?

Микро неверството вклучува целосен спектар на однесување на самата граница помеѓу пријателската љубезност и неверство.