Многу начини за обновување на гардеробата без да купувате

9 мај, 20200
obleka

На секоја девојка и е добро позната реченицата “Немам што да облечам” и покрај пол гардробер. Ова реченица станува особено релевантна во пролет, кога секоја жена сака да ја обнови гардероата.

Сепак, што доколку сакате да купите се одеднаш, а паричниот ве предупредува дека тоа е невозможно? Обрнете внимание на нашите совети.

Светли акценти

На старата гардероба потребно е да додадете неколку светли детали како би изгледала совршена. Јакна во боја на лимон, кондури во тиркизна боја, ташна во корално црвена боја…На тој начин гардеробата ќе се трансформира со брзина на светлината, а вашата околина нема да го сокрие своето воодушевување. Два- три пара светли кондури и модерна ташна ќе се погрижат старите работи да добијат свеж и сосема нов сјај.

Нов живот за старите работи

Секој од нас има омилени фармерки и маици кои совршено се вклопуваат. Доколку имате премногу стари работи, немојте да брзате да ги фрлите. Белите и останати маици лесно може да се “надоградат”. Можете да заврзете кошула преку нив или да ги украсите со голем брош кој ќе изгледа сосема оригинално. Оние кои имаат талент за цртање, маиците може да ги украсат со акрилни бои. Проверено – тоа не само што ги менува, туку ви овозможува да се претставите на сосема иноватиевен и интересен начин.

Постојат многу опции за освежување на стари фармерки. Бисери, школки, траки и чипка, сетоа тоа ќе донесе до непрепознатливост на старите работи и промена на нивниот изглед. Ќе ви помогне и средство за избелување, па на фармерките можете да испишете нешто или да направите некаков дезен – само искористете ја фантазијата!

Потпрете се на основите работи

Прв и веројатно најважен совет за оние кои секогаш сакаат да бидат стилизирани: создадете права основна гардероба. Не брзате за трендовски работи. Обично се скапи и многу брзо ја губат важноста. Основните работи се добри и идеално можат да се комбинираат со други, со додавање на детали. Па дури, таквата гардероба не излегува од мода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi