Дамите се воодушевени: Чантата која свети во темница е од голема корист за справување со „хаосот“

29 јули, 20200
tasna

Дизајнерите на женските чанти секогаш пред себе имаат тешка задача бидејќи мора да создадат нешто кое ќе изгледа убаво, но воедно ќе биде и функционално.

Новата чанта на брендот “Fabrikk” изгледа убаво, но се чини дека нуди и одлично решение за еден клучен проблем – таа свети во темница.

Сите знаеме дека во женските чанти можат да се најдат многу повеќе работи отколку што се чини на прв поглед. Но, проблемот настанува кога треба брзо да се пронајде некоја од нив, особено во мрак. За таа цел, дизајнерката Кејт Пирсон која стои зад брендот дошла до интересна идеја која веруваме ќе им се допадне на сите жени. Таа стандардната внатрешна постава на својата чанта ја заменила со посебен вид на ткаенина, проткаена со ЛЕД светла.

Со тоа, чантата автоматски се осветлува штом ја отворите и пружа едноставен, но ефектен сјај кој и тоа како помага во пронаоѓање на женските работи. За светлото се потребни 3 ААА батерии и една мала ЛЕД светилка, а кога чантата останува отворена, светлата сами се исклучуваат по некое време. Интересно е тоа што нивната боја може да се промени со поставување на нови ЛЕД приклучоци.

Уште еден голем плус за ова модно парче е тоа што не само што е функционално, туку и во целост е направено од природни и еколошки материјали, така што ниту едно животно не било убиено за негова изработка. Покрај сѐ, чантата е отпорна и на временските услови и доаѓа во неколку различни атрактивни бои и дезени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi