Ема станува член на управниот одбор на модната компанија Kering…

18 јуни, 20200
Capture 9

Со британската глумица во управата се именувани и Tijanе Thiam, поранешниот председател на швајцарските банки Credit Suisse и Jean Liu, претседателката на кинеската фирма Didi Chuxing.

Ема Ватсон (30), глумица и активистка, која во филмот Harry Potter се прослави со улогата на Хермиона Грејнџер именувана е за членка во управата на францускиот моден конгломерат Kering, втор по големина од светските фирми и луксузни модни брендови. Британката е една од трите новоименувани членки на управниот одбор.

World Premiere of Disney

Ватсон е именувана за претседателка на Одборот за одржливост, но од известувањето на фирмата не може да се заклучи колку точно задачи ќе превземе. Глумицата со години се залага за правата на жените, па во 2014та е именувана за специјална претставничка на ОН за жени.

-Ема Ватсон е една од најпопуларните глумици и една од најпознатите активистки во светот – рече компанијата.

PA/Pixsell

Со британската глумица во управата се именувани и Tijanе Thiam, бивш претседател на швајцарската банка Credit Suiss и Jean Liu претседателка на кинеската фирма Didi Chuxing, апликации за такси услуги и убер. Британската ѕвезда родена во Париз, е лице на апликацијата ‘Good On You’ која ги оценува модните брендови на основа на етничките и одржливите сертификати.

Ватсон е позната и по соработката со платформата Challenge Green Carpet во сопственост на конзулатската фирма Eco Age. Во текот на повеќето настапи и појавувања на црвениот тепих води сметка за тоа да е облечена во одржлива облека која за неа најчесто ја изработуваат врвни светски дизајнери.

The 90th Academy Awards - Vanity Fair Party - Los Angeles

Со оглед на тоа дека Kering неодамна ја напушти Stella McCartney, која потпиша договор со францускиот LVMH и така се врати под закрилата на луксузните брендови како Dior, Givenchy i Kenzо, Kering се наева дека со доаѓањето на Ема Ватсон ќе успее да ги придобие бројните миленијалци.

Претседателот на Kering и извршен директор на фирмата François-Henri Pinault, сопругот на холивудскаа ѕвезда Salmа Hayek, ги поздрави именувањето на новите членови на управата. Луксузната групација Kering кон крајот на 2019та вработи повеже од 38.000 луѓе ширум светот, а прометот на фирмата изнесуваше 15,9 милијарди евра, со нето добивка од 2.9 милијарди евра. Kering ги поседува некои од најголемите модни куќи, како Gucci, Saint Laurent и Alexander McQueen.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi