Емили Ратајковски не може да им одолее на омразените чизми кои успешно им пркосат на трендовите веќе три децении!

14 септември, 2020
1309013

Прославената манекенка и сопственичка на брендот за костими за капење Inamorata, Емили Ратајковски, е една од оние жени што апсолутно им прилега сè. Убавата бринета, која се прослави со својата гола улога во спотот за песната ‘Blurred Lines‘ од Робин Тик, би изгледала одлично во вреќа за ѓубре, но за воодушевување на обожавателите, таа носи многу стилска комбинација на облека.

Иако обожава да носи провокативни, голи аутфити, Емили Ратајковски исто така ужива во лежерни комбинации со акцент на трендовски парчиња, а неодамна се прошета по улиците на Њујорк во таков стајлинг, каде живее со сопругот, актерот и режисер Себастијан Бир-Меклард и нивното милениче, кучето Коломб.

Манекенката била на кафе со пријател облечен во црни шорцеви за возење велосипед и неонски блузон, а стајлингот беше вешто и целосно зачинет со долга кожна јакна, знаејќи дека кожата оваа сезона е позната како апсолутно  “мора да се има

Наместо вртоглави штикли или моментално многу популарни борбени чизми, што би одговарало добро со овој стајлинг, 29-годишната убавица избра малку поудобна варијанта на обувки – Ugg. Популарните чизми „Ugg“ имаат свои обожаватели низ целиот свет и со децении вешто се спротивставуваат на модните трендови.

Иако повеќето луѓе немаат премногу убаво мислење за нив, овој пар чизми е сепак многу популарен. Сакани или мразени, има голема шанса да сте ги поседувале или познавате некој што ги има во плакарот. Тие ја задржаа својата важност пред се за удобност, а многу помалку за мода. Сепак, тие се обидуваат да станат долгорочен моден тренд.

Денешните Uggs се инспирирани од оригиналните чизми од овча кожа и волна што ги носеа сурферите во Австралија во текот на 60-тите години на минатиот век. Во 1970-тите, тие станаа популарни и меѓу сурферите во Велика Британија и САД, а модниот тренд стана само во 90-тите години на минатиот век во САД и како светски тренд во средината на 2000-тите.

escort - Korsan taksi