РАЗОТКРИЕНА ТЕОРИЈАТА НА ЗАГОВОР: Се следат жени преку чипови на долната облека?!

1 септември, 2020
andjeli

Неверојатната приказна го започна „животот“ пред неколку месеци на Интернет, а каде на друго место!

Интернетот и социјалните мрежи се преплавени со теории на заговор, кои се шират со молскавична брзина, а тие можат да бидат толку комплицирани и темелни што понекогаш им е тешко на луѓето да ја разликуваат вистината од лагата.

Една од последните е што компанијата Викторија Сикрет ги следи жените, кои ја носат својата долна облека, со помош на специјално вградени чипови!

Пред неколку месеци, неверојатната приказна го започна својот „живот“ на социјалните мрежи, како што се „ТикТок“, „Фејсбук“ и други, а неодамна се појави и на платформата „Јутјуб“. Некои теоретичари на заговор тврдат дека долната облека на позната компанија има и „етикети за трговија со секс“?!

Приказната отиде толку далеку што мораа да реагираат и од Викторија Сикрет. Беше објавено дека во нивните алишта не се вградени мистериозни чипови, туку дека тие се ознаки RFID, кои се користат за читање со скенерот. Ваквите етикети се вообичаени во модната индустрија и компаниите ги користат за внатрешни цели – за следење и управување со залихите и статусот на акциите. Покрај тоа, сè повеќе брендови ги користат во борбата против фалсификувањето, бидејќи ознаките RFID можат да го потврдат потеклото на гардеробата.

Етикетите RFID на долна облека се едноставно повидни, бидејќи има помалку материјал на неа, отколку на палта, панталони, маици и други парчиња облека, кои не се интимни.

„Оваа технологија обезбедува супериорно искуство во купувањето и го прави производот достапен за нашите клиенти“, коментираат од компанијата во врска со растечките гласини за нивно наводно следење на жени преку чипови.

Дека целата оваа приказна е лажна, потврди и познатата веб-страница на SNOPES, која го стори истото за мрежата 5G, која наводно убила стотици птици, кои потоа „паднаа мртви од небото“ – и не, тоа беше отров, кој птиците го изедоа во блиското поле. Сајтот SNOPES е познат по разоткривањето теории на заговор, но и по борбата против лажните вести на социјалните мрежи.

Во Србија ОД неодамна постои систем за проверка и обележување лажни вести на мрежата на Фејсбук, со цел да се спречи понатамошно ширење на таквата содржина и да се дискредитираат страниците што го прават тоа.

escort - Korsan taksi