Мојата коса никогаш не изгледала поздраво и посјајно: Во оваа маска од 2 состојќи веруваат жените ширум светот!

9 август, 2020
maska

Со помош на 2 состојки целосно ќе ја обновите косата и ќе ја заштитите од сите негативни надворешни влијанија

Еден од најдобрите сојузници на убава и здрава коса е квасецот. Кога се комбинира со мед, навистина може да го оживее изгледот и на најоштетената коса.

За да ја подготвите оваа целосно домашна маска, потребна ви е една коцка свеж квасец и една лажица мед. Измешајте сè добро, па оставете да отстои 45 минути.

После тоа, нанесете ја добиената маска на темето и добро истријте. Нанесете ја смесата по целата должина на косата и нежно масирајте. За подобар ефект, ставете капа за туширање или пластична ќеса на главата и оставете да отстои околу еден час.

Колку подолго ја држите маската на вашата коса, толку подобро ќе делуваат состојките и ќе има подобар ефект. Потоа исплакнете ја косата со вода и шампон како што го правите тоа вообичаено. Нанесувајте ја маската еднаш неделно.

Еве зошто квасецот е толку добар за косата:

Квасецот е намирница која содржи комплекс на витамин Б, како и голем број на минерали и протеини, што го прави совршен производ за некоја коса и кожа.

Благодарение на витаминот Б комплекс што го содржи, ја храни, зајакнува, обновува, го обновува сјајот, го подобрува нејзиниот раст и го намалува опаѓањето на косата.