Моника Белучи ја открива нејзината тајна за убавина и што мисли за стареењето и физичкиот изглед

4 јуни, 20200
mb

„Убавината трае само неколку моменти ако немате со што да ја поткрепите“.

Ова е една од најубавите жени на сите времиња, позната по својот талент, убавина како и нејзината харизма.

Сите оние кои можеби заборавиле колку е занесна нејзината убавина, се потсетија на тоа кога оваа италијанска лепотица се појави како Бонд девојка во едно од продолженијата на филмот за тајниот агент 007.

Моника тогаш имала 50 години, но можела да застане рамо до рамо со нејзините помлади колешки. Исто така, глумицата е поддржувач на негувањето на природниот изглед и никогаш не подпаднала на естетските третмани или ригорозните диети.

Нејзината убавина можеби не можеме да ја копираме, но дефинитивно може да примениме некои од нејзините ставови и трикови за негување и средување.

Не бидете опседнати со килограмите

  • „Ги прифатив моите облини и природен изглед, а исто така не постои ништо посекси од самодовербата. Затоа е важно да го сакате вашето тело. По породувањето не се брзав да се вратам на претходната форма, на крајот тоа е природен процес и го оставив така и да се одвива. Кога се гледам себеси во улогата на Manuale d’am3re, колку сум убава и сјаам, веднаш се присетувам како секој ден го доев моето бебе на сетот.“

Нека кожата биде ваш приоритет

  • „Сметам дека е исклучително важно кожата да дише. Шминката секогаш сосема ја вадам и го мијам лицето пред спиење. Меѓутоа, поважен е и добриот сон – не само за кожата туку и за сѐ друго. Религиозна сум кога станува збор за чистење, нега и хидратација на кожата. Ништо од тоа не прескокнувам. Исто така се трудам да пијам многу вода, бидејќи така изгледот ми е посјаен и здрав.“

Ефективно нашминкани очи и усни

Доколку внимавате, ќе приметите дека Моника најчесто се определува за две техники: smokey eye на очите и неутрални усни, или смела црвена боја на усните и неутрални очи.

Не плашете се од стареење

  • „Не можам да кажам дека сум била Бонд девојка, бидејќи тогаш бев повеќе зрела жена отколку девојка. Машките сметаат дека откако жената ќе престане да биде плодна, таа е веќе стара. Тоа не е точно – жените се и понатака фантастични. Тоа сигурно и режисерот на Спектар го имал на ум кога ме избра мене да бидам Бонд девојка. Важно е каков став имате за стареење. Доколку на 45 години се обидувате да изгледате како да имате 30, бидете сигурни дека нема да го постигнете тоа. Прифатете го своето тело и изглед кој доаѓа со годините и трудете се да изгледате најдобро за нив.“

Изгледот не е сѐ!

  • „Свесна сум дека убавината прави одредена љубопитност, но како што рекол Оскар Валјд, убавината трае само неколку моменти ако немате со што да ja надополните. Мислам дека не би имала толкава слава и улоги да бев само убава. Режисерите не ве викаат да работите со нив само поради тоа, туку и поради талентот.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi