Можете да поверувате? Од што сѐ се прават маски за заштита…Лелеееее :(

8 јули, 20200
18266556375e9fdf8ef3d65477093302_v4_big

Сопственик на продавница во Флорида започна со продажба на маски за лице изработени од кожа на бурмански питон, кои почнаа неконтролирано да се размножуваат во националниот парк Еверглејдс, заштитен од УНЕСКО, со што започна посебен „моден предизвик“ за да се спречи ширењето на корона вирусот.

Брајан Вуд, сопственик на “All American Gator“, прави разни маски од кожа, не само од питоните, туку и од кожата на крокодилите и алигаторите, пренесуваат медиумите.

„Луѓето сепак ќе треба да покриваат дел од нивните лица некое време, а маските се тука затоа што ситуацијата може да потрае подолго отколку што замисливме“, рече Вуд, додавајќи дека сакал да им угоди на сите што ја следат модата.

Самата питонска кожа не обезбедува заштита од COVID-19 како маските М95, кои ги блокираат малите и големите честички во воздухот, поради што Вуд работи на дизајнирање маска која ќе има филтри.

Претставници на Флорида пред неколку дена во Мајами им наредија на жителите да носат маски или да ги покриваат носот и устата со ткаенина кога одат во аптеки и продавници.

Burmanski piton/Foto:arztsamui/Depositphotos

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi