Најсреќните луѓе се облекуваат вака: Можете да ги забележите на километар!

22 август, 2020
среќа

Среќата е многу скапоцена облека, дизајнирана, со потпис. Кај нас, секоја друга студентка изгледа како икона на стилот.

Колку луѓето се посреќни, толку поедноставно се облекуваат. Без размислување. Овој неочекуван заклучок произлезе од годишното истражување на UN за нивото на среќа во животот на луѓето.

Од 2011 година па наваму, беа спроведени истражувања за глобалната среќа. Научниците развија технологија што ја мери благосостојбата на луѓето во различни земји, како и нивната сопствена субјективна проценка за тоа колку се добри нивните животи. Потоа се споредуваат сите овие резултати.

Во 2017 година, листата на 10 најсреќни земји изгледаше вака:

  • Норвешка
  • Данска
  • Исланд
  • Швајцарија
  • Финска
  • Холандија
  • Канада
  • Нов Зеланд
  • Австралија
  • Шведска

Во истиот состав, само со промена на местата во првите десет, овие земји беа лидери и во претходните години.

Дали знаете што ги обединува сите овие земји? Екстремна едноставност во начинот на живот, но особено во начинот на облекување!

На пример, оние земји за кои модата е многу важна, се подолу на списокот на среќни земји. Пример Франција, која се наоѓа на 32-то место, Шпанија на 37-то место, додека Италија е дури и на 50-то место на најсреќните земји во светот.

А што е со среќните земји?

Не им е грижа што препорачува Вог за оваа сезона. Тие го носат она во кое се чувствуваат удобно. Фармерки и обични маици, патики и кошули. Во Данска, на прв поглед, нема да знаете кој е момче, а кој е девојче. Секој носи исклучително едноставна облека, удобна и памучна. Важно е тие да се дружат, да се движат слободно и без ограничувања.

Жените од Шведска не се оптоварени со здолништа, не носат потпетици од 10 см за да работат, а да не зборуваме за шминка. Швеѓаните се среќни и покрај тоа што нивните жени не личат на модели!

Ова е чист доказ дека среќата воопшто не зависи од тоа дали носите брендирана облека, дали имате најнова шминка ..

Може да бидете среќни и во обични фармерки и маица, споменатото истражување го докажа тоа!