НАПРАВЕТЕ ДОМАШЕН ГЕЛ КОЈ ГИ ЧИСТИ ТЕМНИТЕ ДАМКИ И БРЧКИТЕ! Ја хидрира кожата на лицето и ја подмладува!

22 февруари, 20220
Screenshot_3

Алое вера има многу лековити својства, и ќе бидете изненадени кога ќе видите каков ефект ќе има тој за нега на кожата на лицето!

 

 

Според истражувањата на научниците од Азија, користењето мала количина гел од алое вера секој ден може значително да ја подобри еластичноста на кожата и да ги отстрани брчките. Во нивното истражување биле вклучени 30 здрави жени, постари од 45 години, кои користеле гел од алое вера 90 дена. Резултатите беа зачудувачки!

После третманот, количината на брчки е значително намалена, а имало и видливо подобрување на еластичноста на кожата на лицето.

Како да направите гел од алое вера:

За да направите гел од алое вера, се што ви треба е здраво растение алое (алое барбадензис).

Постапката е едноставна:

1. Важно е да започнете со чисти раце. Исто така, користете чист прибор, за да не контаминира гелот.

2. Отсечете го надворешниот лист на растението (надворешните лисја се позрели).

Има има доволно свеж, здрав гел во листот. Бидејќи гелот од алое е лесно расиплив, најдобро е да се подготви помала количина. Лист или два, особено ако се поголеми, се доволни за половина чаша- чаша гел. А ако имате млада алое билка, внимавајте да не отсечете премногу одеднаш, затоа што на тој начин можете да ја оштетите.

3. Исцедете го сокот

Ставете ги листовите во чаша и оставете го сокот да се исцеди. Сокот содржи латекс, кој може да биде иритирачки за кожата, па затоа е најдобро да го исцедите.

4. Излупете ги листовите

Најдобро е да користите кора од зеленчук за да го отстраните надворешниот зелен дел од листот. Излупете го внимателно додека не стигнете до гелот во средината на листот.

5. Земете гел со мала лажичка

Проѕирниот мек гел е лесен да се издвои од листовите со лажичка. Земете колку што има и ставете го во чист сад.

6. Измешајте го гелот со природен конзерванс (на пр. Витамин Ц)

Ако добиете повеќе гел и сакате да го чувате за наредниот месец или за две месеци, измешајте 500мг витамин Ц за секоја една четвртина од чашата или додајте неколку капки масло со витамин Е. Измешајте ги состојките (можете да користите и блендер).

7. Истурете го гелот во стерилизиран стаклен сад

Гелот можете да го чувате во фрижидер за еден или два месеци. Без природен конзерванс, гелот може да се користи  една недела.

8. Користете го гелот

Можете да го користите гелот за хидрирање на кожата. Можете да подготвите други домашни лекови од него, и најдобро е да ги користите за површни иритации на кожата.

Можете да измешате ½ чаши алое со ¼ чаши растопено кокосово масло – на овој начин ќе добиете лековит хидратантен лосион.

Како да го користите гелот за отстранување на брчките?

 Нежно масирајте со гелот околу 3 минути на кожата. Можете исто така да додадете една капсула витамин Е во една лажичка гел. Промешајте и користете ја за да го масирате лицето или пределот каде што се појавуваат брчки (може да се користи и за деколте). Редовно масирајте ја кожата секоја вечер пред спиење. Ќе забележите подобрување после неколку дена.

Дополнителни придобивки од гелот од алое вера

  • ја хидрира кожата
  • помага при изгореници
  • го намалува воспалението
  • помага при варењето на храната
  • детоксифицира и го чисти телото
  • го подобрува здравјето на забите
  • третира проблеми со стомакот
  • помага при алергии и астма
  • го подобрува растот на косата

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi