НАУЧНИЦИ ЈА ОТКРИВАТ МИСТЕРИЈАТА НА КОРОНА ВИРУСОТ: Дознајте зошто некој умира, а некој нема воопшто симптоми!

26 септември, 2020
Tan2020-9-24_191359619_0_1000x0

Дијагнозата и третманот ќе се променат благодарение на ова откритие!

Луѓето инфицирани со корона вирус можат да имаат симптоми од благи до непостоечки, па се до многу тешка клиничка слика и смрт.

Две нови студии утврдија една од причините зошто некој има многу тежок случај на корона, а некој поминува практично без симптоми.

Истражувањето спроведено на Универзитетот Рокфелер покажа дека голем број пациенти имаат мутации во гените, кои учествуваат во реакцијата на организмот на „нападот“ на вирусот.

Мутација на генот го принудува организмот да направи авто-антитела, кои наместо вирус, го „напаѓаат“ самиот организам и создаваат хаос во него.

“Бевме воодушевени од истражувањето кое покажа дека организмот кај пациенти со генски мутации реагира напаѓајќи ги сопствените клетки, а не вирусот. Ова е откритие кое веднаш ќе има големо влијание врз дијагнозата и третманот”, изјави Жан Лоран Казанова, водач на студијата.

“Ако некој е позитивен на корона, понатамошниот третман треба да вклучува тест за авто-антитела и соодветен одговор од медицинскиот персонал доколку се утврди дека постојат. Отстранувањето на овие антитела од крвта може значително да го олесни понатамошниот третман и симптомите на болеста”, рече тој.

Студијата првично вклучуваше 987 пациенти, но таа продолжува и сега ги анализира податоците за третман на повеќе од 3.000 пациенти со тешка клиничка слика.

escort - Korsan taksi