НАУЧНИЦИТЕ ИСТРАЖУВАА 20 ГОДИНИ и конечно докажаа дека ОВОЈ уред НЕ предизвикува рак!

8 декември, 2020
398300_laptop-1478822-640_f

Резултатите од истражувањето спроведено пред неколку години не покажаа никаква поврзаност помеѓу употребата на мобилни телефони и развојот на рак.

Истражувачите собрале податоци за растот на употребата на мобилни телефони помеѓу 1982 и 2013 година и ги споредиле со стапките на инциденца на рак на мозок.

„Не откривме никакво зголемување на инциденцата на карцином на мозок во споредба со наглото зголемување на употребата на мобилни телефони“, вели научникот Крис Милс во списанието „Cancer Epidemiology“.

Точно, имало зголемување на случаи на рак на мозок на возраст од 70 до 84 години, но тоа се случило пред мобилните телефони да бидат во масовна употреба и научниците тоа го припишуваат на развојот на дијагностика и техники за рано откривање на рак.

Истражувањето ги анализирало здравствените досиеја на скоро 20 илјади мажи и повеќе од 14 илјади жени.

Првите мобилни телефони се појавија во Австралија во 1987 година.

Водечкиот автор на ова истражување, Симон Чепмен, истакна дека научниците ги анализирале податоците од долг период, дури и од три децении, со цел да се осигурат дека нема „одложен ефект“ на мобилниот телефон врз развојот на рак. Односно, да го имаше тоа ќе беше веќе прикажано, рече Чепмен.

Научниците забележуваат дека сепак ќе бидат потребни повеќе од една студија за конечно да се одговори на прашањето дали мобилните телефони се нездрави.

escort - Korsan taksi