НЕ БИДЕТЕ ПОЛИЦАЈЦИ ВО ВРСКАТА: Оставете го партнерот да гледа филмови за возрасни и сигурно нема да Ве изневери

29 август, 2020
9152338685f48ec3d32218308481678_w640

Австралискиот сексолог Надја Бокоди тврди дека да му дозволиш на мажот да гледа филмови за возрасни или да оди во стриптиз клуб ќе ја намали неговата желба за неверство.

Таа ги предупреди жените да не се однесуваат како полицајци во врските.

“Кога се омажив пред повеќе од една деценија, бев многу јасна во врска со правилата за тоа како треба да се однесува мојот сопруг. Јас контролирав сè што правеше. Но, тоа не беше добро”, рече таа.

Тие често се караа, а по кавгата завладува напнат молк кој таа безуспешно се обидуваше да го ублажи.

Надја утврди дека наредувањето на партнерот што да прави и што да не прави, може да доведе до пропаст на врската. Таа истакна дека нè научиле дека вистинската љубов значи да се фокусираме само на една личност, но дека гледањето филмови за возрасни или стриптиз не значи дека љубовта е помалку силна. Надја тврди дека заљубувањето не значи дека сте станале асексуални и иако е природно да се чувствувате љубоморни кога партнерот гледа во привлечна личност, тоа не значи дека треба да реагирате на тоа.

Таа рече дека нејзината сегашна врска не е изградена на недоверба.

„Моето момче не бара моја дозвола да оди во стриптиз клуб и не го крие „RedTube-от“ на неговиот мобилен телефон“, рече Надја, а пренесе Индекс.

„Помалку е веројатно дека вашиот партнер ќе побара нешто или ќе се побуни ако не го ограничите“, заклучи таа.

escort - Korsan taksi